Тангото е социјална игра која потекнува од Буенос Аирес, Аргентина и Монтевидео, Уругвај. Тангото се појавува пред втората половина на 19 век, со текот на времето се усовршува и добива повисок социјален статус и популарност кај народот. Mузичките стилови кои еволуирале заедно со играта исто така се познати како танго. Првобитно тангото било познато како tango criollo или едноставно танго. Денес, постојат неколку стилови на танго, вклучувајќи Аргентинско танго, Ballroom танго, Финско танго, Кинеско танго и класично танго. Најчесто Аргентинското танго се поврзува со „автентичното танго“ затоа што е најблиску до играта која што е играна во Аргентина и Уругвај, иако другите видови на танци се развиле во „самостојни“ танци во свој правец. Музиката и танцовите елементи на тангото се популарни во активности поврзани со играњето како уметничко лизгање, синхронизирано пливање, итн. поради драматичното чувство и поврзувањето на тангото со романсата и љубовта.

Танго

Историја

уреди

Тангото потекнува од посиромашните области на Буенос Аирес и Монтевидео. Музиката е извлечена од спој на музика од Европа, Јужно Американската Милонга и ритамот од Африка. Зборот „танго“ од 1890 година се користи во асоцијација со играњето. Првично тангото беше само една од многуте игри, но многу брзо стана популарно во општеството, како и во театарот, ширејќи се од предградијата до посиромашните квартови во кои престојувале стотина илјади имигранти од Европа.

Во почетокот на XX век, танцувачите и оркестрите од Буенос Аирес патуваат до Европа. Европската танго треска започнува во Париз, а потоа во Берлин, Лондон и во други главни градови. На крајот од 1913 година тангото пристигнува во New York , во Америка и Финска. Во Америка името „танго“ се однесува на танци кое се изведуваат со 2/4 или 4/4 такт, а акцентот е на првиот и вториот удар. Танго музиката најчесто била свирена со побрзо темпо. Инструкторите од тој период ова би го нарекле "North American Tango", спротивно на "Rio de la Plata tango" исто така наречено Аргентинско танго. Од почетокот на 1914 година се развиваат повеќе автентични танго стилови, заедно со некој варијации како тангото на Albert Newman, Minuet Tango. Во Аргентина, во почетокот на 1929 година, во време за Големата депресија, и рестрикциите кој настануваат по падот на владата на Hipólito Yrigoyen во 1930 година, Тангото деклинира. Тангото доживува повторен успех и постанува модерен танц, кој е на ниво на национална гордост за време на владата на Juan Peron. Економската депресија и воената диктатура која ги забрани јавните собири паралелно со популарноста на рок анд рол-от во 60-тите и 70-тите години на XX век условуваат тангото повторно да деклинира. Тангото „живее“ на мала сцена сè до неговото повторно оживување во 1980 година со отворањето на шоуто „Танго Аргентино“ во Париз и мјузиклот „Forever Tango“ во Бројдвеј

Танго стилови

уреди
  • Аргентинско танго
  • Ballroom танго
  • Финско танго

Аргентинско танго

уреди
 
Прегратка во аргентинско танго

Аргентинското танго се состои од различни стилови кој се развиле во различни региони и области во Аргентина и Уругвај. Овој танц се развива под влијание на различни културни елементи, како што е народот, гужвата по улиците и модата во облекувањето. Тангото најчесто се игра или во отворена прегратка, кога партнерите се поврзани на оддалеченост на должината на рацете или во блиска прегратка кога партнерите контактот го остваруваат со градите.

Различни стилови на аргентинско танго се:

  • Tango Canyengue
  • Tango Liso
  • Tango Salon
  • Tango Orillero
  • Tango Milonguero (Tango Apilado)
  • Tango Nuevo
  • Show Tango (исто така познато како Fantasia)

Горенаведените стилови се играат на различна музика.

 
Milonga romance

The "milonguero" стилот се одликува со многу блиска прегратка, мали чекори и ритмичка техника на нозе. Спротивно на тоа, тангото кое потекнува од клубовите во приградските населби (Villa Urquiza/Devoto/Avellaneda) се игра со долги и елегантни чекори и комплексен став. За момент може да се танцува со отворена прегратка, за да се дозволи изведба на сложената техника со нозете. Комплексноста на овој вид на танго е основа за театарската изведба на тангото. Заради сценската изведба прегратката е најчесто многу отворена, а комплексноста на техниката на нозете е надополнета со гимнастичко подигање, клоцање и спуштање.

Во последните години понов стил на танго наречен "Tango Nuevo" е популаризиран од помладата генерација на танго играчи. Прегратката е отворена и многу флексибилна (еластична), што му овозможува на играчот да води различни и многу комплексни движења. Овој танго стил се однесува на оние којшто сакаат да играат на Jazz и техно музика.

Ballroom tango

уреди
 
Илустрација на ballroom танго

Постојат два стила на Ballroom tango: Интернационален стил (Англиски) како и Европски стил, кој потекнуваат од танго стиловите кој се развивале во Европа и [Северна Америка]. Оваа игра е упростена и прилагодена на општоприфатените преференции на Ballroom играчите и е вклучена во репертоарот на Интернационалните натпревари на Ballroom tango. Англиското танго за првпат е кодифицирано во Октомври во 1922 година, кога било предложено ова танго да се игра на модерна музика (со 4/4 такт). Подоцна Европското танго еволуира главно како високо компетативен танц, додека Американското танго се развива како социјална игра во која најбитни се вештината на водење и следење. Ова води кон голема разлика меѓу техниките ист ловите. Сепак има неколку натпревари на американското танго, и се разбира доаѓа во взаемно позајмување на техниките и начините за играње. Ballroom tango се игра на поинаква музика и има различен начин на облекување од Аргентинското танго.

Финско танго

уреди

Финското танго е варијација на аргентинското танго.Првите часови по финско танго започнуваат во далечната 1930 година. Финското танго особено станува популарно после втората светска војна.

Телата на партнерите се поставени во форма на буквата А. Во горниот дел треба да има целосен контакт, а поголема дистанца меѓу нозете на танцарите. Тоа значи дека градите, половината и бутовите на оној што води и оној што следи се во контакт. Тоа води во позиција на телото каде горниот дел мора да биде малки свртен (ротиран) за да може да се обезбеди целосен контакт на градите кај танчарите. Тоа е базичната прегратка во тангото. Чекорите се долги, строги и детемнимирани. Телото е поставено пониско, колената треба да се свиткани и не смее да има движена горе, долу, туку свиткувањето на колената да е на едно исто ниво.

Најсоодветни збори за да се опише финското танго се носталгијата и меланхолијата. Тоа највероватно има поврзаност со времето во која е напишана музуката односно за време на втората светска војна и после војната.

Секоја година во Финска поточно во градот Seinäjoki, се одржува танго фестивал кој привелкува околу 100.000 посетители.

Со влезот на Финска во Европската Унија во 1995 година, интересот кон Финското танго расте особено кон работата на двајцата искучително почитувани композитори и изведувачи: Olavi Vitra и Unto Mononen.

Тангото како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Танго“ (англиски: Tango) — песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts) од 1981 година.[1]
  • „Тоа Танго“ (англиски: It Tango) - песна на американската музичарка Лори Андерсон од 1982 година.[2]
  • „Танго додека не им се слоши“ (англиски: Tango Till They're Sore) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[3]
  • „Погребно танго“ (англиски: Funeral Tango) — песна на американскиот поп-пејач Скот Вокер од 1969 година.[4]
  • „Танго за Клод“ (француски: Tango pour Claude) - џез-композиција на Ришар Галијано (Richard Galliano).[5]
  • „За танго се потребни двајца (Ова е за девојките)“ (It Takes Two To Tango (This Is For The Girls)) - песна на американскиот рок-музичар Тод Рундгрен (Todd Rundgren)“ од 1972 година.[6]
  • „Танго револуционер“ - песна на македонската рок-група Хахаха од 2011 година.[7]
  • „Танго од борделот“ (англиски: Brothel tango) - песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.[8]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди