Таковско востание (слика)

Таковско востание — назив две речиси идентични маслени слики насликани од српскиот уметник Паја Јовановиќ. Сликите го прикажуваат востаничкиот водач Милош Обреновиќ на Цветници во 1815 година како ги поттикнува своите сонародници да се борат против Отоманското Царство и го започнува Второто српско востание. Ова дело го претставувало Кралството Србија на Светската изложба во Париз во 1900 година.

Таковско востание, 1894
Творец Паја Јовановиќ
Година 1894 (1894)
Вид масло на платно
Димензии 256 см × 160 см
Место Музеј на рудничко-таковскиот крај, Горен Милановац

Композиција

уреди

На сликата се обединети три целини. Во заднината лево е црквата со дрвени куќички. Во преден план во средината е претставено развивањето и предавањето на барјакот на Сима Милосављевиќ Паштрмац од страна на Милош, кој стои на камената плоча на старите гробишта во позиција заклетва, додека до него е архимандритот Мелентије Павловиќ со крст, Изборот на Милош за водач присутните го поздравуваат со кренати раце, јатагани и три прста. Во горниот десен агол може да се види таковската грмушка. Интересен е и еден симболичен елемент - на крајната лева страна се појавува дете кое го држи млада жена која се качила на крстот на гробот. И покрај гробовите на паднатите за слобода, секогаш ќе има нови поколенија кои ќе ја продолжат започнатата борба.

На сликата се гледаат Милутин Савиќ Гарашанин, учесник во двете востанија со испружена сабја во раката, Вула Глигоријевиќ пред него, додека зад Гарашанин во кошула со широки ракави, пиштол во појасот и сабја во раката е Лука. Вукомановиќ. Зад Сима Паштрмац лево се Вукомановиќ, а десно Никола Луњевица. До него со крената рака стои војводата Милиќ Дринчиќ, додека во самиот агол со турбан на главата и китнеста горна облека е Јован Обреновиќ . Прикажани се и Лазар Мутап, кнезот Василије од Бершиќи, Тома Вучиќ Перишиќ и други.[1]

Прва верзија

уреди

Првата верзија, со димензии 256×160 см, е насликана во Париз во 1894 година, а за прв пат била изложена во Белград на почетокот на следната година во фотографското студио на братот на Паја, Милан Јовановиќ. Сликата е наведена како дело „за приватната галерија на Неговото Височество“ кралот Александар, иако и двете верзии биле нарачани од кралот при абдикацијата на Милан Обреновиќ и Министерството за просвета. Се наоѓа во постојаната поставка на Музејот на Второто српско востание во Таково.

Втора верзија

уреди

Втората верзија е помала и има димензии 190×125,5 см. Насликана е во 1898 година. Во рамките на подготовките по доаѓањето од Виена, Јовановиќ ги проучувал автентичните носии и оружја од тоа време, го посетил Таково и поминал многу време таму и во околината. Ја скицирал црквата од трупци и големото дрво под кое Милош го кренал востанието, како и физиономијата на луѓето, носиите, оружјето итн.

Литографската репродукција на сликата набрзо станала широко достапна, а Министерството за просвета и црковни работи на Кралството Србија доставувало репродукции во гимназиите, училиштата за обука на наставници и семинариите, што придонело за подоцнежната популарност на сликата. Оваа верзија е во сопственост на Народниот музеј во Белград. Историчарот на уметност Лилијен Филиповиќ-Робинсон смета дека Таковското востание е едно од најдобрите дела на Јовановиќ.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Боловић, Ана (9. 3. 2020.). „Павле Паја Јовановић, Таковски устанак“. Музеј рудничко-таковског краја. Посетено на 8. 6. 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)