Хемороид

(Пренасочено од Хемороиди)

Хемороиди или мајасил — едно од најчестите заболувања кај луѓето и имаат тенденција да рецидивираат. Тие се проширени и воспалени крвни садови во и околу анусот и долниот дел на правото црево. Се претпоставува дека повеќе од половина од популацијата ќе се соочи со овој непријатен проблем до својата 50 година од животот. Се манифестираат и кај машките и кај женските лица подеднакво. Појавата е позачестена над 50-годишна возраст, бидејќи сврзното ткиво на крвните садови во правото црево и аналниот отвор со текот на годините старее и ја губи својата еластичност. Хемороидите се честа појава во текот на бременоста, но тоа не се поврзува со губење на еластицитетот на крвните садови.

Хемороид
Изглед на хемороиди (внатрешни и надворешни)
СпецијалностОпшта хирургија Уреди на Википодатоците

Непријатното чувство во пределот на анусот кое вклучува болка, силно пецкање, чешање и крвавење го сигнализира присуството на хемороиди, кои никако не смеат да се игнорираат.

За среќа, постојат третмани кои може да ги ублажат симптомите и целосно да ги излечат хемороидите.

Симптоми

уреди

Симптоми за оваа појава се:

  • Безболно крвавење при празнење на цревата (дефекација). Може да забележите мала количина на светлоцрвена крв на тоалетната хартија;
  • Иритација, чешање или непријатно пецкање во аналната регија;
  • Болка и непријатно чувство;
  • Отеченост околу анусот;
  • Израсток во близина на анусот, кој при допир може да предизвикува болка и непријатно чувство;
  • Неконтролирано истекување на мала количина фекалии.

Дијагноза

уреди
Internal hemorrhoid grades
Grade Diagram Picture
1    
2    
3    
4    

Дијагнозата кај обата типа хемороиди ја утврдува специјализирано медицинско лице – гастроентеролог и обично вклучува рачен ректален преглед – ректално туше.

Со цел да се исклучат други заболувања кои причинуваат болка и крвавење од анусот (полипи, иритабилни црева или рак на дебелото црево), но и поради фактот што внатрешните хемороиди се помеки од надворешните и потешко се дијагностицираат, потребно е да се изврши специјален преглед како аноскопија или ректоскопија (преглед исклучиво на крајниот дел на дигестивниот тракт – право црево и анус).

Лекување

уреди

Користете кремови, масти и чепчиња кои се нанесуваат локално. Консултирајте се со вашиот доктор или фармацевт околу изборот на кремовите и останатите препарати наменети за лекување на хемороиди. Одржувајте ја аналната регија чиста. Сапунот и останатите средства за туширање се непријатели на хемороидите и може само дополнително да ги иритираат. Истото се однесува и на влажните марамчиња кои содржат алкохол или пак се парфимирани. Се советува да го натопувате аналниот дел 2-3 пати во текот на денот во чиста и топла вода во времетраење од 10-15 минути. Туширањето се подразбира како дел од негата и вклучува нежно чистење на аналниот отвор и надворешниот дел околу него со топла до млака вода. Нежно избришете ја областа со чиста крпа со тапкање или пак исушете ја со фен. Не користете сува тоалетна хартија. Сувата хартија е исто така непријател на хемороидите. По дефекација, навлажнете ја малку хартијата или пак искористете специјални влажни марамчиња кои не содржат алкохол или парфем во својот состав. Не се напнувајте при празнење на цревата. Задржувањето на здивот и силното напнување при дефекација го зголемуваат крвниот притисок во крвните садови во долниот дел на правото црево. Исто така, избегнувајте предолго и непотребно седење на тоалет. Испразнете се навреме. Веднаш штом ќе почувствувате потреба за дефекација, посетете тоалет, затоа што секое одложување кое може да се развлече и со часови, предизвикува потешко празнење на цревата и дополнителен притисок. Користете мраз. Нежно притискање на анусот со неколку коцки мраз завиткани во чиста крпа може да помогне при ублажување на отоците и иритацијата. Консултирајте се со доктор за користење на медикаменти. Можно е да ви биде препишана терапија, односно лекови кои ќе ја намалат болката и ќе ја ублажат непријатноста предизвикана од хемороиди. Внесете промени во исхраната и животниот стил. Лошата и нездрава исхрана може да биде причинител на хемороиди. Се препорачува исхрана која вклучува повеќе свежо овошје, зеленчук и житарки богати со растителни влакна кои го подобруваат варењето. Ваквата исхрана овозможува помека и полесна столица, а тоа би значело полесно празнење на цревата и намалување на притисокот одговорен за појавувањето на хемороиди. Се смета дека 2 големи лажици црвено вино може да ја подобрат крвната циркулација, што секако е пожелно при борбата со хемороиди. Меѓутоа, поголема количина од овој црвен алкохолен пијалак не се препорачува, бидејќи може дополнително да ги иритира хемороидните јазли. Насочете се кон природна и здрава храна, бидејќи лековите и синтетичките препарати по подолго континуирано користење може да предизвикаат оштетување на слузокожата. Пијте многу течности. Не го минувајте денот без 6-8 чаши вода или други течности, во кои не спаѓаат алкохолните пијалаци. Урината треба да ви биде светложолта или безбојна како вода. Тоа ќе ви помогне да имате помека столица. Избегнувајте долго седење и бидете физички активни. Умереноста е клучот за добро здравје. Доколку вашата професија ве „врзува“ за стол подолго време, правете почести паузи со раздвижување и одберете умерена физичка активност, како пешачење или пливање, со цел да ја превенирате појава на хемороиди. Не кревајте често тешки предмети. Ако сте принудени да кревате тешки предмети, издишувајте додека ги подигнувате. Не го задржувајте здивот додека кревате.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори