Сурутарка

вид растение

Сурутарка или медуника[1] (науч. Filipendula ulmaria) — повеќегодишна билка од семејството рози што вирее на влажни ливади. Тaa се наоѓа низ поголемиот дел од Европа и Западна Азија (Близок Исток и Среден Исток). Воведена е и натурализирана во Северна Америка.[2]

Сурутарка
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Розовидни
Семејство: Рози
Род: Сурутарка
Вид: Сурутарка
Научен назив
Filipendula ulmaria
(L.) Maxim.

Опис

уреди

Стеблата се високи од 1 до 2 м, исправени и браздести, црвеникави до понекогаш виолетови. Листовите се остри, со темнозелена боја од горната страна и од долната страна бели и влакнести — многу поделени. Сурутарката има нежни, привлечни, кремастобели цвеќиња групирани близу едни до други во неправилно разгранет облик, кои имаат многу силен, сладок мирис. Тие цветаат од почетокот на летото до раната есен и ги посетуваат разни видови инсекти — особено мувите. Цветовите се мали и многубројни.[3][4]

Употреба

уреди

Целата билка поседува пријатен вкус и мирис — зелените делови имаат сличен ароматичен карактер на цвеќето — што доведува до употреба на растението како распрскувачка билка, расфрлана на подови за да им даде на собите пријатна арома и се користи за вино, пиво и многу видови оцет. Цветовите може да се додадат во компоти и џемови, давајќи им суптилен вкус на бадем. Има многу лековити својства. Целото растение е традиционален лек за кисел желудник, а свежиот корен често се користи во хомеопатски препарати. Исушени, цвеќињата се користат во потпури. Исто така е често користен зачин во скандинавските видови медовина.[5]

Наводи

уреди
  1. „медуника“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Filipendula ulmaria. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земојоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. Посетено на 12 December 2017. (англиски)
  3. Parnell, J. and Curtis, T. 2012. Webb's An Irish Flora. Cork University Press. ISBN 978-185918-4783
  4. Van Der Kooi, C. J.; Pen, I.; Staal, M.; Stavenga, D. G.; Elzenga, J. T. M. (2015). „Competition for pollinators and intra-communal spectral dissimilarity of flowers“. Plant Biology. 18 (1): 56–62. doi:10.1111/plb.12328. PMID 25754608.
  5. „Meadowsweet: Health Benefits, Uses, Side Effects, Dosage & Interactions“. RxList (англиски). Посетено на 2021-04-08.

Надворешни врски

уреди