Муви
Муви (Muscidae) се фамилија на двокрилци (Diptera). Мувите имаат еден пар функционални крила за летење и еден пар крила за рамнотежа, подвижна глава со пар големи и сложени очи, како и уста. Очите им се составени од илјадници поединечни леќи кои им овозможуваат широко поле на вид. Распоредот на крилата им овозможува голема маневарска способност при летањето. Најпознати видови муви се домашната мува (Musca domestica) и (Stomoxys calcitrans).[1].
Мувите како тема во уметноста
уреди- „Коњот и мувата“ — басна во стихови на Михо Атанасовски.[2]
- „Мува“ — басна на Ристо Давчевски.[3]
- „Помодарки“ — басна на Киро Донев.[4]
- „Мува“ — басна на Езоп.[5]
- „Долгонога мува“ (англиски: Long-Legged Fly) - песна на англискиот поет В. Б. Јејтс.[6]
- „Мувата и кочијата“ — басна на Лафонтен.[7]
- „Мува во супа“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[8]
- „Мувите на мучкапската чајџилница“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1917 година.[9]
- „Мува“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]
- „Мува“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[11]
- „Каде што се мувите“ (англиски: Where The Flies Are) — песна на англиската музичарка Дениел Дакс (Danielle Dax) од 1987 година.[12]
- „Мува“ (англиски: Fly) - песна на британскиот поп-рок пејач Ник Дрејк (Nick Drake) од 1970 година.[13]
- „Мува“ (англиски: The Fly) - песна на ирската рок група У2 (U2) од 1991 година.[14]
- „Враќање на мувата“ (англиски: Return Of The Fly) - песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits).[15]
- „Мува“ (англиски: Fly) — песна на англиската рок-група The Jam од 1978 година.[16]
Наводи
уреди- ↑ Ivo Matoničkin, Ivan Habdija, Biserka Primc-Habdija, Beskralješnjaci, biologija viših avertebrata, Školska knjiga, Zagreb, 1999. ISBN 953-0-30824-8.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 48.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 42.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 38-40.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 17.
- ↑ „W. B. Yeats“, во: Kenneth Allot, ed., The Penguin Book of Contemporary Verse 1918 – 60. Harmonsworth, Middlesex, UK: Penguin Books, 1962, стр. 47.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 20.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 28-29.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 16-18.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 441.
- ↑ Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 77-82.
- ↑ Danielle Dax – Inky Bloaters (пристапено на 25.6.2022)
- ↑ YouTube, Nick Drake - 07 - Fly (by EarpJohn) (пристапено на 25.3.2019)
- ↑ Discogs, U2 – Achtung Baby (пристапено на 30.6.2019)
- ↑ Discogs, The Misfits* – Static Age (пристапено на 28 јануари 2021)
- ↑ Discogs, The Jam – All Mod Cons (пристапено на 2.1.2023)