Судик
Судик (порано: Судиќ) — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Судик | |
Општина | Штип |
Население | 6 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30056 |
Надм. вис. | 670 м |
Судик на општинската карта Атарот на Судик во рамките на општината | |
Судик на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Судиќ се наоѓа северозападно од Штип, на оддалеченост од 18-20 км од градот.
Историја
уредиПодрачјето на Судик е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[2]
Во XIX век, Судик било село во Штипската каза на Османлиското Царство.
Во 2014 г. на селото официјално му е вратено од традиционалното име Судик наместо дотогашното Судиќ.[3]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Судик живееле 192 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Судик имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 10 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 192 | 256 | 407 | 452 | 440 | 304 | 86 | 37 | 27 | 10 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиСудик е македонско село.
Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:
- Староседелци: Велковци (8 к.), Еровци (7 к.), Субашинци (6 к.), Пејевци (8 к.), Ефремовци (2 к.) и Гаџовци (1 к.)
- Доселеници: Грбевци (13 к.) доселени се од селото Милино, најверојатно се староседелци во оваа област, Овче Поле; Чавковци (4 к.) доселени се од некое село Карамани над Штип; Шеталевци (5 к.) доселени се од сега раселеното село Толја, кое постоело кај Мечкуевци; Лепитковци (8 к.), Мерешковци (1 к.) и Кожуваровци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде.[12]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2287 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Верски објекти
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
- Нема податоци за тоа од кога е изградена оваа црква. Се предпоставува дека е изградена пред неколку века. Била единствена. Посветена на Св Петка. За своето постоење била рушена и обновувана повеќепати.
- Последната градба на црквата (околу 1950г) е од мајстори од с.Судиќ.
- Дел од нив: Здравев Славко, Здравев Стево, Павле Ристов, Блаже Тодев, Стојан Мартинов, Стојан Постолов, Глигор Постолов, Камчо и Генчо Маневи, Серафим Постолов – од Грбеви и уште неколку други. Истите личности биле мајстори над мајсторите.
- Здравев Славко ги има изработено, познатите „КАМЕНИ ГОЛУБИ“, изработени од цврвен камен, што ги красат ѕидовите од надворешната страна на црквата.
- Дворното место било заградено со ѕид и истиот покриен со ќерамиди.
- За време на градењето, најмалку 1 степеник е вкопана во земја (од причини што турските властодршци сакале нивните џамии да бидат подминантни, повисоки, поизразени,...
- Спрема кажувањата, фреските на ѕидовите и иконите биле фнтастични со богати орнаменти ирезби, изработени од познати македонски фрескописци/ зографи.
- Во периодот од 1980-1990г, поголемиот дел од иконите се преземени/земени (спрема кажување на тогашните жители) од страна на државата и рапределени во други македонски манастири и цркви.
- Во црквата се слави (и денес како и порано) празникот Св.Петка на 8.ми август секоја година.
- Во таа прилика е посетена од голем број на домаќини и гости.
- Покрај Св.Петка, во црквата се собирале и славеле сите големи Христијански разници /Божиќ, Велигден, Спасовден, Св.Тројца/.
- На сите празници секој од селаните имале сопствено место за седење/служење – за раздавки.
- Ваквата церемонија со раздавките, се случувала само овде и на ниедно друго место.
- Во црквата се одвивале сите церемонии поврзани со празници, венчавки, крштевки,...
- Последната венчавка во оваа црква била во 1974г, 25.05.1994г. на лицата Перо Миланов и сопругата. (Последната свадба во селото е одржана во 1986 г на Иванка Тодева од с.Судиќ
- Во оваа црква, во селото, со сигурност имало имало ПОПови со постојано живеење и служење.
- Доказ за тоа се двата гробови, во дворот на влезот на црквата (немаме податоци за имиња на поповите).
- Покрај овие два гроба, постои и трет, кој со сигурност припаѓа на Мане Пеев, (фамилија Пееви), чукундедо на раскажувачот (Момчило Манев). Ова доведува до заклучок дека Мане Пеев е еден од ктиторите на црквата, веројатно со огромна почит кон него, селаните дозволиле несвештено лице, по заслуга, да биде погребен во дворот а црквата Св Пека – с.Судиќ.
- Црква „Св. Кирил и Методиј“
- Параклис „Св. Димитриј“
- Параклис „Св. Илија“
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Дугени — некропола од железно време
- Кула — градиште од доцноантичко време
- Солунски Рид — градиште од доцноантичко време
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 442-443. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-29.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.