Дугени (Судик)
„Дугени“
| |
Местоположба | 41°51′49″N 22°07′46″E / 41.86361° СГШ; 22.12944° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Судик |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Дугени — археолошко наоѓалиште во местото Судик општина Штип. Претставува некропола од железно време. На 1 км јужно од селото, десно од патот Судиќ - Врсаково, во нивата на В. Тасев има остатоци од некропола. Според исказите на сопственикот, речиси со секое орање по површината биле развлекувани камења и кршени плочи, парчиња од керамички садови, дури и коски од човечки скелети. Со расчистување на мал простор, во текот на рекогносцирањето (1978) е утврдено дека се работи за скелетни погребувања под мали тумули, без гробни конструкции, насипани со кршени плочи и камен. Според најдените фрагменти од керамички садови, односно според нивниот облик и орнаментика, гробовите се датирани од крајот на VIII век пред н.е. Наодите се чуваат во Музеј на Македонија воСкопје [1].
Поврзано
уреди- Дугени — некропола од железно време;
- Кула — градиште од доцноантичко време;
- Солунски Рид — градиште од доцноантичко време;
- Штип;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 443, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |