Стојмир Стефаноски
Стојмир Кузманов Стефаноски ( 1917 во Србјани, Кичевско — 1944 во Бошков Мост, Дебарско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Стојмир Стефаноски | ||
Роден | 1917 година Србјани, Кичевско, Македонија под окупација на Србија | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Бошков Мост, близу Дебар, Македонија под фашистичка окупација | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиСе занимавал со земјоделство. Како симпатизер на народноослободителното движење, во пролетта 1943 година бил опфатен од позадинските работници, а по кусо време стапил во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Загинал во есента 1944 година кога бил смртно погоден во една борба со балистите кај Бошков Мост близу Дебар, што ја воделе борците од Групата баталјони.[1]