Стив Мекари (англиски: Steve McCurry; р. 24 февруари 1950 во Филаделфија) — американски фотограф кој работи фоторепортерска и уредничка фотографија. Негово најпознато дело е „Авганистанска девојка“, која најпрво била објавена во списанието „Нешнл џиографик[1]. Мекари е член на групата Магнум Фотос.

Стив Мекари
Роден 24 февруари 1950(1950-02-24)(74 г.)
Филаделфија, Пенсилванија,  САД
Националност Американец
Познат создавач на иконската фотографија „Авганистанска девојка
Занимање фотограф
Мрежно местоstevemccurry.com
НаградиХалата на славните на Лајка, Хаселблад Мастер, Роберт Капа Златен Медал за фоторепортерство од странство
Мекари во 2011

Мекари е добитник на повеќе награди, вклучувајќи „фотограф на годината од списание“ доделувана од страна на Асоцијацијата за национални новинарски фотографи, „Медал на векот“[2] од страна на Кралското здружение на фотографи и две први награди на натпреварот за светска новинарска Фотографија во 1985 и 1992 година[3].

Живот и дело

уреди

Стив Мекари студирал на универзитетот „Пен Стејт“. На почетокот планирал да студира кинематографија и филм, но се здобил со диплома во театарски уметности и дипломирал во 1974 година. Почнал да се интересира за фотографија кога почнал да фотографира за локалниот весник на Пен Стејт[4].

После 2 години работа во дневниот весник во Кралот на Прусија, Пенсилванија, заминал за Индија да работи како фриленсер.

Кариерата на Мекари добива подем кога маскиран во авганистанска облека ја поминал пакистанската граница во области од Авганистан кои биле контролирани од бунтовници непосредно пред руската инвазија[5]. Тој заминал со ролни филм сошиени внатре во неговите алишта. Тие фотографии биле потоа објавени од „Њујорк Тајмс“, „Тајм магазинот“ и „Парис Меч“[6], и со тоа добива „Роберт Капа Златен Медал“ за најдобра фоторепортерска фотографија од странство[7].

Мекари продолжува да покрива вооружени конфликти, вклучувајќи ја војната помеѓу Ирак и Иран, Либанската граѓанаска војна, Камбоџиската граѓанска војна, исламското востание во Филипините, Заливската војна, и Авганистанската граѓанска војна. Неговите дела се прикажувани во списанија и тој е чест придонесувач на „Нешнал Џиографик[7]. Тој е член на „Магнус Фотос“ од 1986[8].

Фокусот на МекКари се човечките последици од војните, со цел да покаже повеќе од само пејзажи. „Поголемиот дел од моите фотографии се врзани со луѓе. Целам кон незаштитениот момент, сржта на душата кога проѕира, искуство гравирано на ликот на еден човек. Се обидувам да прикажам како е да си таа личност, личност фатена во широк пејзаж, што можеш да ја наречеш човечката состојба.“[9]

Во 2001 Стив МекКари изложил негови дела во изложбата организирана од агенцијата „Лео Барнет“ со италијанскиот сликар Умберто Петиникио, во Лаузен, Швајцарија.

Денис Делестрак има направено документарен филм за МекКари со име „Ликот на човечката состојба“ во 2003 година.

Во 2005 година Стив МекКари се префрла од колор филм на дигитална фотографија поради олеснување во преработката на фотографиите на терен и испраќање на истите до уредниците. Неговата носталгија кон филм е искажана во интервју со „Гардијан“. „Можеби старите навики тешко се кршат, но во моето искуство повеќето од моите колеги се префрлаат на филм, без разлика на возраста... Квалитетот никогаш не бил подобар. Вака можеш да работиш во ситуации со многу малку светло на пример.“ - вели МекКари.[10]

Во јуни 2010, тој работел на проект (серија од портрети) што инволвирал употребување на еден од неколкуте преостанати ролни од „Кодахром“ провиден филм, кој не се произведува повеќе од „Кодак“. Филмот е обработен и развиен во јули 2010 од „Двејн фото“ во Парсонс, Канзас и се чува во „Куќата Џорџ Истман“[1][11]. Повеќето од фотографиите, исклучувајќи неколку скоро дупликати, се објавени на интернет од страна на „Венити Феир“[12]. „Фотографирав со него 30 години, и имам неколку илјади фотографии на „Кодахром“ во мојата архива. Се обидувам да фотографирам 36 фотографии кои ќе имаат улога на некој вид комплетирање - да се одбележи смртта на Кодахром. Тоа беше прекрасен филм.“ - вели МекКари.

Во мај 2013 МекКари беше изборот на „Пирели“ за фотограф што ќе ги фотографира фотографиите за календарот на „Пирели“ во 2013 во Рио де Жанеиро.

„Авганистанската девојка“

уреди

„Авганистанската девојка“[13] е најпрепознатливиот портрет на Стив МекКари. Истиот е направен во 1984 од прилика 12 годишно девојче без родители од Паштун во „Насир Бах“ кампот за бегалци во Пешавар,Пакистан[14]. Фотографијата е именувана како најпрепознатливата фотографија во историјата на „Нешнал Џиографик“ списаниетоо, и нејзиниот лик станал популаерн како насловната страница на изданието во јуни 1985. Фотографијата е многу употребувана на брошури, календари и постери на „Емнести Интернешнал“. Идентитетот на „Авганистанската девојка“ бил непознат повеќе од 17 години сè додека МекКари и тим од „Нешнал Џиографик“ не ја пронашле во 2002 година. Името на „Авганистанската девојка“ е Шарбат Гула. „Нејзината кожа е остарена, веќе има брчки, но сè уште е впечатлива како што беше сите тие години порано“ - изјавува МекКари.

Контроверзии околу фотоманупулација

уреди

Во 2016 МекКари е обвинет за екстензивно манипулирање на фотографиите користејќи „Фотошоп“ и други начини, при што отстранувал елементи и цели луѓе од фотографиите.[15][16]

Во мај 2016 во интервју со „Петапиксел“ Мекари не негирал специфично дека извршувал манипулации на фотографиите во голема мера, индицирајќи дека сега го дефинира неговото дело како „визуелно раскажување приказни“ и „уметност“. Сепак изјавил дека и други поединци ги принтаат и испраќаат неговите фотографии додека тој патува, и со тоа имплицира дека тие се виновни за значајните манипулации. „Тоа се случило во овој случај. Неспорно е дека случката со оваа фотографија е грешка за која јас треба да сносам одговорност.“ - заклучува МекКари.[17]

Во дискусија околу проблемот со автор на „Тајм Лајтбокс“ мрежното место, Мекари дал слични коментари за тоа дека е „визуелен раскажувач на приказни“, но овој пат без сугестија дека манипулациите се направени од други без негово знаење. Всушност „Тајм“ ја има дадено оваа изјава: „Соочен со сè повеќе докази за неговите фото манипулации, МекКари е присилен да ја разгледа неговата позиција во фотографијата“. Во ниту едно интервју не дискутирал кога започнале тешките фото манипулации, или кои фотографии биле манипулирани точно. Но изјавил дека „...продолжувајќи понатаму, ќе се потрудам да го сведам користењето на програмот на минимум, дури и за фоографии направени на мои лични патувања.“[18]. МекКари исто така го изјавил и следново за „Тајм Лајтбокс“: „Разгледувајќи ја ситуацијата... иако чувствував дека можам да правам што сакам со моите фотографии од естетски и композициски аспект, сега сфаќам колку збунувачки е тоа за луѓе кои сè уште мислат дека сум фоторепортер.“.

Награди

уреди
  • 1980: Златен медал „Роберт Капа“ за покривање на војната во Авганистан за Тајм списание[19]
  • 1984: Магазин Фотограф на годината од Национално здружение на фото новинари.
  • 1985: Навод за наградата Оливер Работ: Монсуните и Новите ликови на Багдад
  • 1984: Серија за дневен живот, прво место, Натпревар за светско новинарство.
  • 1984: Категорија за дневен живот, прво место, Натпревар за светско новинарство.
  • 1984: Серија за категорија за природа, прво место, Натпревар за светско новинарство.
  • 1984: Категорија за природа, прво место, Натпревар за светско новинарство.
  • 1986: Оливер Ребот - меморијална награда: Најдобро фотографско репортерство од странство за фотографиите направени во Филипините, Прекуокеански клуб на новинари.
  • 1987: Медал на честа за покривање на Филиипнската револуција во 1986, Филипини.
  • 1992: Детска награда: Камили под зацрнето небо, Натпревар за светско новинарство.
  • 1990: Награда за извонредност, Шпански Циганин, Здружение на новинарски фотографи на Белата куќа.
  • 1992: Прво место, Генерални Вести: Кувајт после бура, Натпревар за светско новинарство.
  • 1992: Прво место, природа и животна средина: Птица обвиена во нафта, Кувајт, Натпревар за светско новинарство
  • 1992: Прво место, Приказна за вести од Заливската војна: Кувајт: после бурата, Натпревар за фотографија на годината.
  • 1992: Прво место, Награда за списание за наука: Камили под зацрнето небо, Натпревар за фотографија на годината.
  • 1992: Награда за извонредност за фотографија објавена во списание: Огнени вонземјани, Натпревар за фотографија на годината.
  • 1992: Оливер Ребот - меморијална награда: Најдобро фоторепортерство од странство за покривање на Заливската војна, Клуб на прекуокеански фотографи.
  • 1993: Награда за извонредност за Урнатини од војна, Национално здружение на фото новинари.
  • 1994: Награда за уметности и архитектура на докажани студенти, Државен универзитет на Пенсилвенија
  • 1996: Награда за фото приказна објавена во списание: Бурма: најбогатата од сиромашните држави, Натпревар за фотографија на годината.
  • 1996: Награда за фото приказна објавена во списание: Питач, Натпревар за фотографија на годината.
  • 1997: Награда за извонредност за фотографија објавена во списание: Рибар, Натпревар за фотографија на годината.
  • 1998: Победник на „Фото од нашиот свет“, „Црвено момче“, „Лајф Магазин“: „Ејсенштад награди“.
  • 1998: Финалист за есеј на „Нашиот свет“, Индија, „Лајф Магазин“: „Ејсенштад награди“.
  • 1998: Награда за извонредност, портрети: Црвено момче, Натпревар за фотографија на годината.
  • 1998: Награда за јужноазиско новинарство: Одличен специјален проект: Приказна на „Нешнл Џиографик“: „Индија: 50 години независност.
  • 1998: Награда за јужноазиско новинарство: Одлична фотографија: Црвено момче.
  • 1999: Награда за доживотен стипендист, Државен универзитет на Пенсилвенија
  • 2000: Награда за извонредност за фотографија објавена во списание: Жени на поле, Јемен, Интернационални фотографии на годината, Натпревар за фотографија на годината.
  • 2000: Книга на годината: „Јужно југоисточно“, Интернационални фотографии на годината, Натпревар за фотографија на годината.
  • 2001: Награда за извонредност, серија за книги: „Јужно југоисточно“, Годишна фотографија, Уметности за комуникација.
  • 2002: Одликуван посетувачки стипендист, Колеџ за креативни студии, Универзитетот на Калифорнија.
  • 2002: Доктор за хумани писма, почесна диплома, Универзитетот Феирлеј Дикинсон, Њу Џерси
  • 2002: Фотограф на годината, ПМДА Награда за Професионален фотограф, ПМДА
  • 2002: Фотограф на годината, Американски фото магазин.
  • 2002: Награда за посебно признание, Обединети нации, Интернационална фотографска комисија.
  • 2002: Награда за извонредност за „Жени во Авганистан“, Здружение на француски уметнички директори.
  • 2003: Ко-добитник на злато за документарец на Њујоршкиот фестивал за филм за „Авганистанската девојка“
  • 2003: Награда за одбран студент, Државен универзитет на Пенсилвенија
  • 2003: Лусии награда за фоторепортерство,[20] Интернационални награди за фотографија.
  • 2005: Оддел за фоторепортерство - Награда за интернационално разбирање низ фотографија, Фотографско здружение на Америка.
  • 2005: Почесна стипендија, Кралското здружение на фотографи, Лондон
  • 2006: Почесна стипендија, Институт за професионална фотографија на Нов Зеланд
  • 2006: Прво место, Буда будење, ''Нешнал Џиографик'', декември. 2005, Здружение за национални новинарски фотографи
  • 2006: Лоуел Томас Злато
  • 2009: „Амброџино Доро“, Милано, Италија
  • 2011: „Прикс Либерпрес“, Џирона, Шпанија
  • 2011: Лајка Награда за халата на славните, Санкт Мориц, Швајцарија[21]
  • 2014: Награда за ценета фотографија,[22] Хамдан награда за интернационална фотографија

Публикации

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Matthews, Katherine Oktober (November 13, 2013). „It's All Mixed: An Interview with Steve McCurry“. GUP Magazine. Архивирано од изворникот на 2016-10-09.
  2. „Centenary Medal“. Royal Photographic Society. Архивирано од изворникот на 2015-05-18. Посетено на 20 September 2015.
  3. „Steve McCurry“. World Press Photo. World Press Photo. 2016. Посетено на June 7, 2016.
  4. http://www.magnumphotos.com/Archive/C.aspx?VP=XSpecific_MAG.Biography_VPage&AID=2K7O3R1312JM Biography on Magnum Photos
  5. Wallis Simons, Jake (June 29, 2015). „The story behind the world's most famous photograph“. CNN. able News Network. Turner Broadcasting System, Inc. Посетено на June 7, 2016. ...disguised himself in Afghan clothes and crossed illegally into Afghanistan, just before the Soviet invasion.
  6. Iqbal, Nosheen (June 28, 2010). „US photographer Steve McCurry: Go with the flow“. The Guardian. Guardian News and Media Limited. Посетено на June 7, 2016. To cover the war, he had dressed in salwar kameez and turban, smuggling rolls of film across the Afghan border, sewn into his coat.
  7. 7,0 7,1 http://photography.nationalgeographic.com/photography/photographers/photographer-steve-mccurry/ Архивирано на 30 август 2016 г. Biography on National Geographic Website
  8. „Steve Mccurry“. Magnum Photos. Magnum Photos. 2016. Посетено на June 7, 2016.
  9. McCurry, Steve. „Steve McCurry Masterclass: 8 Ways to Improve Your Photography“. Eyevoyage. Eyevoyage. Архивирано од изворникот на 2015-05-05. Посетено на 24 February 2015.
  10. Iqbal, Nosheen (June 28, 2010). „US photographer Steve McCurry: Go with the flow“. The Guardian. Guardian News and Media Limited. Посетено на June 7, 2016. He is practical about the benefits and has little patience for the nostalgic romance surrounding photographers who work only with film.
  11. Last Kodachrome roll processed in Parsons Архивирано на 8 април 2014 г., The Wichita Eagle
  12. Friend, David (6 January 2012). „The Last Roll of Kodachrome—Frame by Frame!“. Vanity Fair. Посетено на 24 May 2016.
  13. A Life Revealed- Afghan Girl Архивирано на 16 февруари 2008 г., National Geographic
  14. Wallis Simons, Jake (June 29, 2015). „The story behind the world's most famous photograph“. CNN. able News Network. Turner Broadcasting System, Inc. Посетено на June 7, 2016. ...a Pashtun orphan in the Nasir Bagh refugee camp on the Afghan-Pakistan border, was taken in December 1984 and published the following year.
  15. Sanders IV, Lewis (May 31, 2016). 'Ethical lapse': Photoshop scandal catches up with iconic photojournalist Steve McCurry“. DW Made for Minds. Deutsche Welle. Посетено на June 6, 2016. The world-renowned Magnum photographer has renounced the responsibilities of a photojournalist after heavily editing several of his images. But his use of Photoshop has breached photojournalism's ethics, say colleagues.
  16. Cade, DL (May 6, 2016). „Botched Steve McCurry Print Leads to Photoshop Scandal“. Peta Pixel. Peta Pixel. Посетено на June 7, 2016. While the original photo was soon removed from Mr. McCurry’s website, people and publications across the Web quickly began digging to see what other McCurry images they could find that had been seriously altered. They did not seem to come up empty handed.
  17. „Steve McCurry's Rickshaw“. PetaPixel. May 31, 2016. May 31, 2016. By now, many voices have weighed in about Steve McCurry and the evidence that he has consistently and substantially altered details in his photos. A fresh set of examples appeared just last week.
  18. Laurent, Olivier (30 May 2016). „Steve McCurry: I'm a Visual Storyteller Not a Photojournalist“. Time Lightbox. Time. Посетено на 1 June 2016.
  19. „Steve McCurry“. Worldpress Photo.
  20. „steve mccurry 2003 honoree: achievementment in photojournalism“. Lucie.
  21. „LEICA HALL OF FAME“. Leica Camera. Архивирано од изворникот на 2017-02-16. Посетено на 2017-02-12.
  22. Padley, Gemma (17 March 2014). „HIPA announces prize winners at grand ceremony“. British Journal of Photography. Посетено на 1 August 2014.

Надворешни врски

уреди