Заливска војна

(Пренасочено од Заливската војна)

Заливската војна (2 август 199028 февруари 1991) била воен судир помеѓу Ирак и коалицијата од 34 земји предводени од САД во подрачјето на Персискиот Залив.[1] Војната била одобрена од Обединетите Нации и нејзината цел била да се ослободи Кувајт по ирачката инвазија од 2-8 август 1990.

Доналд Рамсфелд, пратеник на американскиот претседател Роналд Реган и Садам Хусеин на 20 декември 1983 година.

Протерувањето на ирачките трупи од Кувајт започнало на 15 јануари 1991. и траело само еден и пол месец: коалиционите сили биле толку воено надмоќни, што Ирак брзо бил принуден да ги повлече своите војски и да се согласи со мировен договор кој вклучувал:

  • Забрана за воени летови над сопствената територија северно од 36. и јужно од 32. паралела. Забрана за користење на противвоздушната одбрана против летови на сојузниците над овие области на Ирак;
  • Целосна и постојана инспекција на воените постројки и капацитети на Ирак од страна на ОН;
  • Забрана за развој и употреба на оружје за масовно уништување;
  • Плаќање на отштета кон Кувајт и кон сојузничките сили за штетите и трошоците од војната;
  • Економски санкции до исполнувањето на сите услови од мировниот договор (кон кои Ирак никогаш потоа целосно не се придржувал).

Покрај тоа, уништувањето на земјата било огромно: биле убиени помеѓу 20.000 и 100.000 ирачани, а главните индустриски капацитети и инфраструктурата на земјата биле тешко оштетени. По војната, Ирак бил во состојба да произведува само 1/4 од количеството на електрична енергија што го произведувал пред војната.

Сојузниците се повлекле од Ирак, бидејќи не сакале да го нападнат Багдад и да го урнат насилно Садам Хусеин. Тие се надевале дека тешката економска состојба и поразот во војната ќе предизвикаат внатрешни конфликти и побуни, но режимот на Садам Хусеин успеал да се консолидира и да се одржи на власт сè до Ирачката војна од 2003 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „CNN.com In-depth specials - Gulf War“. CNN. 2001. Архивирано од изворникот на 2007-05-10. Посетено на 2008-04-10.

Надворешни врски

уреди