Стефан Величковски

Стефан Величковски е роден на 16 мај 1986 година во Скопје. Тој е дипломиран музички професор со стекната диплома при Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсек Музичка теорија и педагогија. Својата музичка кариера ја започнува на детските фестивали, но посериозно со музика започнува да се занимава во 2007 година кога на фестивалот „Охридски трубадури - Охрид фест 2007“ ја претставува својата прва студиска песна насловена како Не постои љубов.

Стефан Величковски
Стефан Величковски
Животописни податоци
Роден(а)16 мај 1986
Скопје, СФР Југославија
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровифолк, поп-фолк, македонска музика
Занимањапејач
Инструментивокал

Кариера уреди

  • 2007 година - Својата прва песна „Не постои љубов“ ја отпеа во 2007 година на летниот фестивал „Охридски трубадури“, а истата година како дебитант настапи и на реномираниот фестивал „Макфест“ овој пат со песната насловена како „Зошто боли кога одиш“.
  • 2008 година - Зема учество на „Охрид Фест“ со темата „Јас и ти“ и на „Макфест“ со „Немам среќа без тебе среќо“, но овој пат како натпреварувач во категоријата ѕвезди. Подоцна се појавува и на престижниот интернационален фестивал „Будва фест 2008“ со својата прва песна на српски јазик насловена како „Моја најмилија“.
  • 2010 година - Величковски прави промена на авторскиот тим со кој работи, па својата доверба за нови музички дела им ја препушта на Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоски. Со нив ги објавува двата синглови „Искрен пред себе“ и „Зачувај место за мене“.
  • 2015 година - Станува член на групата "Дипломатик Бенд" како пејач и клавијатурист. Каде настапуваат на разни свечености: свадби, крштевки и друго...

Дискографија уреди

Синглови

  • Не постои љубов (Охрид фест 2007)
  • Зошто боли кога одиш? (Макфест 2007)
  • Јас и ти (Охрид фест 2008)
  • Немам среќа без тебе среќо (Макфест 2008)
  • Моја најмилија (Будва Фест 2008)
  • Зачувај место за мене (2010)
  • Искрен пред себе (2010)
  • Остани со мене (2020)
  • Прстен јас ти ставив (Дипломатик Бенд 2023)
  • Свадба е (Дипломатик Бенд 2023)

Надворешни врски уреди

Извори уреди

Поврзано уреди