Стерјо Спасе
Стерјо Спасе (албански: Sterjo Spasse; Глобочани, 1914 - во Тирана) се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература. Воедно, тој е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.[1] Стерјо Спасе е татко на Илинден Спасе, македонски и албански писател.
Стерјо Спасе | ||
Роден | 1914 Глобочани, Мала Преспа, Албанија | |
---|---|---|
Починал | 1989 Тирана, Албанија | |
Националност | Македонец | |
Познат | албански писател | |
Занимање | писател и книжевен критичар | |
Деца | Илинден Спасе |
Животопис
уредиСтерјо Спасе е роден во 1914 година во Глобочани, денес Општина Пустец, Мала Преспа, Албанија. Своето образование го започнал во основно училиште во Корча (Горица) и го продолжил во Елбасан. Спасе работел како наставник во Дервичане во близина на Ѓирокастро, а подоцна отишол на Универзитетот во Фиренца во Италија да студира педагогија. Стерјо Спапсе завршил магистратура во СССР. По Втората светска војна тој работел како книжевен критичар и пишувал за списанијата „Ново училиште“ и „Популарно образование“. Стерјо Спасе исто така пишувал и за списанијата „Наша литература“ и „Ноември“. Стерјо Спасе биле член на Албанската лига на писатели и уметници.[2] Спасе умрел во Тирана во 1989.
Тој својата писателска кариера ја започнал кога предавал како наставник во селското училиште во Дервичане во близина на Ѓирокастро на 18 годишна возраст. Во 1935 година ја напишал својата најпозната книга „Зошто?“ или позната под целосниот наслов „Од живот за живот - зошто?“. Романот „Зошто?“ е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на еден млад интелектуалец во рурално место.
Творештво
уредиРомани
уредиПозначајни романи на Спасе се:
- Зошто? (Pse?, 1935),
- Афардита (Afërdita; 1944),
- Тие беа осамени (Ata nuk ishin vetëm; 1952),
- Афардита повторно на село (Afërdita përsëri në fshat; 1954),
- Езерото (Buzë liqenit; 1965),
- На женскиот сокол (Sokolesha, 1966)
- Оган (Zjarre...; 1972),
- Будење (Zgjimi; 1973),
- Свештеничка (Pishtarë; 1975),
- Или смрт или слобода (Ja vdekje ja liri; 1978),
- Бунтовниците (Kryengritësit; 1983).
- Денес или никогаш (O sot, o kurrë!; 1989)
Кратки раскази
уреди- Круна на младоста (Kuror rinie; 1934),
- На раката на една жена (Në krahët e një femre; 1934),
- Nusja pa duvak (1944)
- Поздрав од село (Të fala nga fshati; 1958)
- Писма до мојот внук во Тирана Аријан од Македонија и Косово (Letra nipit tim Arian në Tiranë nga Maqedonia dhe Kosova, 1975 а во 1995 година во превод на македонски.)
Наводи
уреди- ↑ „Биографија на Стерјо Спасе“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2012-05-05.
- ↑ STERJO SPASSE Nga jeta në jetë PSE ?!..., page 211 - (Shënime për autorin), botimi i dytë, Redaksia e Botimeve "RILINDJA", Prishtinë 1986.<
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Биографија на Стерјо Спасе Архивирано на 28 септември 2007 г., Митровица Прес
Оваа статија за писател, поет или драматург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |