Партизан (стадион)

(Пренасочено од Стадион на Ф.К Партизан)

Стадион Партизанфудбалски и атлетски стадион кој се наоѓа во Белград, Србија. На овој стадион своите домашни натпревари ги игра ФК Партизан, како и Фудбалската репрезентација на Србија. Стадионот се наоѓа во населбата Аутокоманда во Општина Савски венац.

Стадион „Партизан“
ЈНА
Фудбалски храм
Целосно име Стадион „Партизан“
Место Белград, Србија
Координати 44°47′19.48″N 20°27′32.75″E / 44.7887444° СГШ; 20.4590972° ИГД / 44.7887444; 20.4590972
Изграден 1948–1951
Отворен м22 декември 1951[1][2]
Реновиран 1998, 2010, 2014, 2015
Сопственик ФК Партизан
Оператор ФК Партизан
Подлога трева
Архитект Мика Јанковиќ
Поранешни имиња Стадион „ЈНА“
Игра ФК Партизан
Гледачи 32,710[3]
40,000 (концерти)

Стадионот во периодот од 1951 до 1989 година го носел името „Стадион на Југословенската народна армија“ или скратено „Стадион на ЈНА“, и бил во сопственост на тогашната Југословенска народна армија.

Историја

уреди

Од половината на педесеттите години на XX век, па до 1987 година на стадионот секој 25 мај се одржувала парада за Денот на младоста. Стадионот официјално бил отворен на 9 октомври 1949 година на натпреварот помеѓу Југославија и Франција. Стадионот на Партизан имал сместивост од 55.000 гледачи, сè додека УЕФА не ги усвоила новите правила за безбедност.

Стадионот бил реновиран во текот на 1998 година и моментално има 32.710 места за седење. Игралиштето има димензии од 105x70 m, трибините имаат 30 редови на седиштата и постојат 30 влеза за гледачите. Најголема точка на стадионот е на висина од 21 m, а најоддалечените места на гледалиштето се на растојание од 236 метри по должина (север-југ) и 150 метри по ширини (исток-запад). Навивачите на Партизан својот стадион го нарекуваат Фудбалски храм.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.worldofstadiums.com/europe/serbia/stadion-partizana/
  2. „Crno-bele koči dozvola da izgrade novi stadion“ (српски). novosti.rs. Посетено на 18 March 2013.
  3. „Stadium info“. Partizan.rs. Архивирано од изворникот на 2013-03-08. Посетено на 12 March 2013.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Олимписки стадион
Стокхолм
Европско првенство во Атлетика
Главно место

1962
Наследник
Непстадион
Будимпешта