IX македонски конгрес

Деветтиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија се одржал кон крајот на јули и почетокот на август 1901 година во Софија [1].

Дел од темата
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Заседание и решенија уреди

На овој конгрес за претседател бил избран Стојан Михајловски, а во останатиот комитет влегле: потпретседател Иван Цончев, секретар Иван Стојчев, касиер Герги Белев, советници - членови Стојан Николов и Антон Бозуков[1].

На овој начин Врховниот Комитет го презел Иван Цончев и тој требало да го подготви идното востание кое му требало на Фердинанд I [1] и дејствувал во согласност на воениот министер на Бугарија.

Извори уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979.