Фрајбург (службено: Фрајбург/Елба; германски: Freiburg/Elbe; долногермански: Fryborg) — општина во округот Штаде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Фрајбург
Селската црква во Фрајбург
Селската црква во Фрајбург
Селската црква во Фрајбург
Грб на Фрајбург
Фрајбург во рамките на Германија
Фрајбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Штаде
Општ. заед. Нордкединген
Градоначалник Херварт фон дер Декен (ДХС)
Основни податоци
Површина 34,11 км2
Надм. височина 0−5 м
Население 1.859 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 55 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. STD
Пошт. бр. 21729
Повик. бр. 04779
Портал www.nordkehdingen.de
Местоположба на Фрајбург во рамките на округот Штаде
Карта
Карта
Координати 53°49′23″N 9°17′4″E / 53.82306° СГШ; 9.28444° ИГД / 53.82306; 9.28444

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Нордкединген.

Географија уреди

Местоположба уреди

Општината се наоѓа на југозападниот брег на реката Елба. Од градот Штаде е оддалечен 27 километри, додека од градот Куксхафен се наоѓа 40 километри. На спротивниот брег на реката Елба се наоѓа Гликштат, со кој е поврзан со ферибот.

Соседни општини уреди

На спротивниот брег на Елба се наоѓаат општините во Шлезвиг-Холштајн, Брокдорф и Вевелсфлет. На истиот брег се наоѓа Вишхафен на југоисток, Едеркварт на југ и Крумендајх на запад.

Општински единици уреди

Кон општината Фрајбург припаѓаат следниве места:

  • Алверден
  • Шеневорт

Покрај овие места, во општината влегуваат имотите Алверденердајх, Еш, Курцененде, Лак, Лангенхоф, Нојенштеден, Рутенштајн, како и делови од Штеленфлет.

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди