Недељко Чабриновиќ

Недељко Чабриновиќ 18 февруари 1895 година, Сараево - 20 јануари 1916, Терезијенштат), бил член на Млада Босна и учесник во атентатот на австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд .

Недељко Чабриновиќ
Роден 2 февруари 1895
Сараево, Австроунгарија
Починал 20 јануари 1916(1916-01-20) (возр. 20)
Терезијенштат, Австроунгарија

Животопис уреди

Недељко е роден како најстаро дете во семејството. Татко му Васо бил сопственик на кафеана во Сараево и имал девет деца од два брака.[1] Како печатарски работник учествувал во штрајкот на печатарските работници во 1912 година, по што власта го протерала од Сараево. Работел во печатници во Сремски Карловци, Шид, Трст и Белград.

Под влијание на српските победи во балканските војни, ги прифатил идеите на југословенската револуционерна младина и поединечниот терор како метод на политичка борба. Сараевските членови на напредната национална младина му испратиле во Белград исечок од "Хрватски дневник" од 17 март 1914 година со веста за доаѓањето на австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд на воените маневри во Босна. Кога го добил тој исечок, Чабриновиќ се договорил со Гаврило Принцип и Трифко Грабеж за местото и времето на атентатот.

На Видовден 28 јуни 1914 година Чабриновиќ во Сараево низводно од мостот Ќумурија фрлил бомба на автомобилот во кој се возел Франц Фердиндан, но атентатот не успеал. Осуден е како малолетник на 20 години строг затвор. Починал во затворот во Терезијенштат во денешна Чешка Република.

Неговата мајка со останатите деца била одведена во логорот Жегара кај Босанска Крупа. Неговиот татко бил затворен во Требиње до крајот на војната, а бабу му ја обесиле без судење.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

Литература уреди

  • Слијепчевић, П. (1929). Млада Босна. Сарајево
  • Пфефер, И. (1938). Истрага о сарајевском атентату. Загреб
  • Богичевић, В. (1932, 1935). Сећања на видовдански атентат 1914. Сарајево: Преглед
  • Дедијер, Владимир. (1966). Сарајево 1914. Београд, Сарајево
  • Поповић, Цвијетко. (1984). Енциклопедија Југославије. Загреб: ЈЛЗ