Глобочица (Гора)

село во областа Гора

Глобочица е село во јужниот дел на Косово, во планинскиот регион Гора, во општината Драгаш. Припаѓа на Призренскиот округ. Мнозинството од жители се Горанци. Населението брои 960.

Глобочица од воздух

Јазик уреди

Горанците зборуваат Нашински јазик. Малкумина кои живеат близу до градовите зборуваат албански или српски. Според пописот 1991 во Југославија, 54,8% од населението на регионот Гора се изјасниле дека зборуваат нашински јазик, бидејќи мнозинството на населението се Горанци.

Традиција уреди

Традиционалната Горанска народна музика вклучува танц наречен Коло, која е кружен танц фокусиран на движењата на ногата. Танцот секогаш почнува со користење на десната нога и се движи во насока спротивна од стрелките. Колото обично е придружувано со инструментална музика направена често со зурла, кавал и тапан. Колото поретко е придружено со пеење како тие што се во соседните етнички групи: Албанците, Македонците и Србите.

Исто така постои и голем дел од историјата на Гораните во нивните текстови и песни. Уникатно, се пее за долго патување во Турција, за скршени срца и љубов. Нивните песни се вршат од страна на мажите и жените.

Родови уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 јужнословенски муслимани.[1]

Глобочица е горанско село.

Според истражувањата од 1936/37 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Пајковци (10 к.), Хајдаровци (35 к.), Кајкушевци (10 к.), Шолиќевци (10 к.), Лајковци (5 к.) и Муратовци (8 к.)
  • Доселеници: Хочковци (10 к.) доселени се од селото Хоча кај Призрен; Поштаровци (15 к.) предокот Али Садак и неговиот брат носеле пошта на патот Белград-Ниш и по тоа го добиле името; Рамадановци (2 к.) доселени се од селото Зли Поток во истата област.[2]
  1. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  2. Луковац, Милисав. Гора и Опаље.