Јарослав Попович

украински велосипедист

Јарослав Попович (украински: Ярослав Попович; р. 4 јануари 1980) — поранешен украински професионален друмски велосипедист, кој возел професионално од 2002 до 2016 година.

Јарослав Попович
Попович на Тур де Франс 2009
Лични податоци
Цело имеЈарослав Павлович Попович
Роден4 јануари 1980(1980-01-04)(44 г.)
Дрогобич, Украинска ССР, СССР СССР
Висина1,75 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЛидл-Трек
Дисциплинадрумски велосипедизам
УлогаПомошник менаџер
Професионални клубови
2002–2004
2005–2007
2008
2009
2010–2011
2012–2016
Ландбувкредит-Колнаго
Дискавери Канал
Сајленс-Лото
Астана
Тим РадиоШек
РадиоШек-Нисан
Значајни победи
Тур де Франс
1 поединечна етапа + 2 ТТТ етапи
Пласман за млад возач (2005)

Париз-Ница, 1 етапа
Волта а Каталуња (2005)

Светски друмски првак под 23 години
Последна промена
9 мај 2017

Откако станал светски првак под 23 години во 2001, Попович станал професионалец во 2002 со екипата Ландбувкредит-Колнаго, со која имал добри резултати на Џиро д’Италија, завршувајќи трет во 2003. Откако се придружил на Дискавери Канал во 2005, се насочил кон Тур де Франс, каде го освоил пласманот за млади возачи во 2005 и ја освоил етапата 12 во 2006. Кога екипата се распаднала на крајот на 2007, Попович се преселил во Сајленс-Лото во 2008 и во Астана во 2009. Попович настапувал за Тим РадиоШек во 2010 и 2011 година.

Кариера уреди

Рани години уреди

Бил сметан за еден од најветувачките велосипедисти додека возел во јуниорските трки и трките под 23 години, кога стигнал до 35 победи во 2000 и 2001.[1] Ја освоил друмската трка под 23 години на Светските друмски првенства, откако завршил втор претходната година. Исто така го освоил изданието на Париз-Рубе за возачи под 23 години.[1] Украинецот станал професионалец во 2002 придружувајќи ѝ се на белгиската екипа Ландбувкредит-Колнаго и испорачувајќи неколку добри резултати, најмногу на Џиро д’Италија, каде завршил трет во 2003 и петти во 2004, кога ја носел розовата маичка во текот на три етапи.

Дискавери Ченл Про Сајклинг Тим уреди

Му се приклучил на Дискавери Канал во 2005 и бил сметан за можен наследник на Ленс Армстронг како предводник на екипата. Во истата година, Попович ја освоил една од неговите најголеми победи, преку освојувањето на генералниот пласман на Волта а Каталуња, важна трка пред Тур де Франс. Заедно со остатокот на екипата ја освоил екипата четири, екипен хронометар, на Тур де Франс 2005 и го покажал својот потенцијал преку освојувањето на пласманот за млад возач на трката, додека му помагал на Ленс Армстронг до неговата седма победа на Тур.

На Тур де Франс 2006, Попович бил сметан за еден од четирите предводници на екипата, заедно со Хосе Азеведо, Паоло Саволдели и Џорџ Хинкапи.[2] Откако не успеал да биде помеѓу најдобрите во генералниот пласман на планинските етапи низ Пиринеите, Попович ја освоил етапата 12 откако ги нападнал членовите на бегството Алесандро Балан, Оскар Фреир и Кристоф ле Мевел. Во текот на сезоната 2006 освоил етапи на Вуелта а Кастиља и Леон и Трката околу Џорџија, каде завршил на третото место.[3]

Во текот на сезоната 2007, Попович главно работел како помошник, помагајќи му на Алберто Контадор да дојде до победа на Париз-Ница и Тур де Франс. На почетокот на сезоната ја освоил петтата етапа на Париз-Ница, откако нападнал 33 километри пред целта.[4] Бил сметан како предводник на екипата на Џиро д’Италија, но се повлекол на дванаесеттата етапа откако доживеал два пада на трката. На Тур де Франс завршил осми, додека им помагал на своите колеги Алберто Контадор и Леви Лајпхајмер.[5]

Сајленс-Лото (2008) уреди

во 2008, Попович се преселил во екипата Сајленс-Лото откако Дискавери Канал објавила дека ќе се распушти на крајот на 2007.[5]

Попович бил земен како помошник за екипата на Сајленс-Лото на Тур де Франс 2008, пред сè за поддршка на предводникот на екипата Кедел Еванс, но сепак имал разочарувачка година, со единствен успех на Париз-Ница, каде завршил како трет. На крајот на годината објавил дека ќе се приклучи на неговиот поранешен менаџер од Дискавери Јохан Брујнел во 2009, придружувајќи му се во новиот тим Астана.

Астана (2009) уреди

Во 2009, Попович и Ленс Армстронг се приклучиле на екипата Астана, каде се наоѓале и многу други членови на поранешната екипа Дискавери Ченл. Попович бил помошник на Алберто Контадор на Париз-Ница, завршувајќи на 23. место.

На 15 октомври 2009, Попович изјавил дека ќе се пресели во Тим РадиоШек за сезоната 2010.[6]

 
Попович ја предводи екипата Астана преку преминот Патерсон на третата етапа на Трката околу Калифорнија 2009.

Тим РадиоШек (2010) уреди

во 2010, Попович се приклучил на новосоздадената американска екипа Тим РадиоШек, каде се наоѓале многу поранешни членови на Астана.

Обвинувања за допинг уреди

Во јануари 2011, Попович бил обвинет во обвинувањата за допинг за Флојд Лендис против велосипедската екипа Дискавери Канал, откако списанието Sports Illustrated објавило дека во ноември 2010, неговиот имот во Тоскана бил пребаруван од сојузните власти, кои откриле документи за тестирање, медицински препарати и лекови за подобрување на резултатите, како и докази за врски со контроверзниот италијански лекар Микеле Ферари.[7] Подоцна истиот ден Попович ги отфрлил ваквите обвинувања.[8] Подоцна, извештајот на УСАДА од 2012 година го поврзала со камповите на Ферари дека изведувал трансфузии на крв додека бил дел од екипата Дискавери.[9][10]

Резултати уреди

2001
1.   Светски друмски првенства под 23 години
4. ГП Опен Кампанија
9. ГП Чита ди Наполи
2002
1. Трофеј Пореч II
1. ГП де Женева
3. Трофеј Пореч III
4. Краен пласман Трка Бриксија
5. Трофеј Пореч I
6. Краен пласман Тур де Валони
9. Краен пласман Тур де л’Авенир
10. Тре Вали Варезине
2003
3. Краен пласман Џиро д’Италија
3. Краен пласман Тур де Валони
5. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
6. Копа Уго Агостони
7. Џиро дела Провинција ди Лука
9. Џиро дела Лигурија
10. Џиро дел’Емилија
2004
1. Трофео Андрони Џокатоли
5. Краен пласман Џиро д’Италија
8. Краен пласман Реџо-Тур
9. Краен пласман Трка околу Австрија
10. Фиренца-Пистоја
2005
1. Краен пласман Волта а Каталуња
4. ЛУК Челинџ Хроно Бил
12. Краен пласман Тур де Франс
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 4 (ТТТ)
2006
1. Етапа 12 Тур де Франс
1. Етапа 2 (ITT) Вуелта а Кастиља и Леон
3. Краен пласман Трка околу Џорџија
1. Етапа 2
4. ГП Уест-Франција
2007
1. Етапа 5 Париз-Ница
8. Краен пласман Тур де Франс
Награда за борбеност на етапата 9
2008
3. Краен пласман Париз-Ница
2009
1. Етапа 4 (ТТТ) Тур де Франс
2013
9. Гент-Вевелгем

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро 12 3 5 СО 15 63 133
  Тур 12 25 8 24 41 85 СО 76
  Вуелта 52 115 132

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Биографија на Јарослав Попович“. team.discovery.com. Посетено на 22 декември 2007.
  2. „Interviews – Tour de France 2006 – Johan Bruyneel“. letour.fr. 23 јуни 2006. Посетено на 22 декември 2007.
  3. „Discovery Channel names Tour roster“. cyclingnews.com. 6 јуни 2006. Посетено на 22 декември 2007.
  4. „Popovych rides glorious day away“. cyclingnews.com. 6 март 2007. Посетено на 22 декември 2007.
  5. 5,0 5,1 „Predictor-Lotto signs Popovych“. cyclingnews.com. 5 септември 2007. Посетено на 22 декември 2007.
  6. More RadioShack transfers confirmed
  7. „Most Popular“. CNN. 24 јануари 2011.
  8. [1]
  9. https://s3.amazonaws.com/s3.documentcloud.org/documents/460525/hincapie-george-affidavit.pdf#page=28
  10. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-26. Посетено на 2016-02-05.

Надворешни врски уреди