Салцбург (покраина): Разлика помеѓу преработките

сојузна покраина во Австрија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Салцбург''' (гер. Salzburg) е една од деветте сојузни покраини во Реп...
(нема разлика)

Преработка од 18:08, 19 ноември 2013

Салцбург (гер. Salzburg) е една од деветте сојузни покраини во Република Австрија која се наоѓа во средишниот дел на државата. Зафаќа површина од 7.154 квадратни километри и тука живеат над 530.000 жители. Главен град е истоимениот Салцбург.

Положба

Салцбург се наоѓа во Средна Австрија и се граничи со:

Географија

Со површина од 7.154 квадратни километри, Салцбург е шеста по големина покраина во Австрија. Според рељефот, ова е планинско место во срцето на Алпите. Само крајниот северен дел е претежно низински со надморска височина под 500 метри. Поради високата надморска висина, климата е претежно континентална, само во највисокиот дел има планинска клима. Во средниот дел на покраината течи реката Салцах, додека пак во источниот дел извираат реките Мура и Енса. Покрај овие водотеци има и многу леднички езера.