Македонско радио 1

(Пренасочено од Македонско Радио 1)


Македонско радио 1 — Радио Скопје или само Радио Скопје — првата програма на Македонското радио кое е во склоп на Македонската радио-телевизија. Емитува образовни, музички, забавни и информативни емисии. На овој канал секојдневно се емитува Пладневниот весник во 15:30 како и Прес 19. Првата програма на Македонското радио се слуша во цела Македонија како и во соседните држави каде има Македонци: Грција поточно Егејска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо во Албанија, Бугарија како и во Србија и на Косово. Првата програма на Македонското радио може да се слуша и преку интернет како и на сателит.

Радио Скопје
Македонско радио 1 — Радио Скопје
МР 1
ГрадСкопје
Зона на емитувањеМакедонија Македонија
Честоти(Скопје)
FM 98,9 MHz
FM 97,3 MHz
DAB+ 11C (220.352 MHz)
РДС (Црн Врв)
(Водно)
Програма
Јазикмакедонски
МрежаМакедонска радио-телевизија
Сопственичка структура
СопственикМакедонска радио-телевизија
Сестрински канал(и)
Радио Скопје
МРА 2
МРА 3
МРА Сат
Историја
Основано1944
Прво емитување
2 август 1944
Технички информации
Регулаторно тело
АВМУ
Врски
Интенет преносplay.mrt.com.mk
Мрежно местоmrt.com.mk

Историја

уреди
 
Зградата на Радио Скопје до земјотресот во 1963

Во мугрите на слободата на македонскиот народ, по вторпат беше отворено Радио Скопје во разурнатото Скопје, точно месец и пол од неговото ослободување, во етерот се разнесе првиот македонски збор изговорен низ воздушниот простор на слободната татковина: „ЗБОРУЕ РАДИО СКОПЈЕ".

Уште во август 1944 година Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија ја постави задачата пред современиот македонски писател и истакнат борец во Народно-олободителната војна, Владо Малески - Тале, да се зафати со создавање и работа на првата македонска радиостаница во слободната татковина. За оваа цел се издвојувани од првите борбени редови техничари и новинари и се испраќани во Горно Врановци на нови задачи. Програмската и новинарската активност ја презеде врз себе Владо Малески, а техничката страна Васко Петковски, одговорен офицер за техника при Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија.

Борците техничари Боро Димитровски и Владо Стојчевски, со помош на други технички кадри, забрзано работеа врз оспособување на запленетата воена радиостаница и врз нејзина преадаптација. Поради недостиг на соодветни технички материјали и резервни делови задачата тешко и бавно се реализираше. По ослободувањето на Скопје заедно со други значајни објекти беше разурната и радиостаницата, изградена непосредно пред војната. Беа уништени техничките средства за емитување на програмата, беше испокршен дискотечниот фонд на поранешната радиостаница, a зградата онеспособена за работа. Катастрофално беше и во Маџари каде што столбот, зградата и предавателната техника во неа беа целосно уништени. И повторно од воените единици започна прибирањето технички кадри кои во воената команда во главниот град на Републикава изготвуваа технички планови, како од воениот трофеј да оспособат што посилна радиостаница во слободната татковина. Експериментите започнаа со една француска воена радиостаница на кратки бранови. Радио техничарите Крсто Ристевски, Александар Грков, Ефтим Митовски, Марко Плавевски, Перо Ристовски, Димче Петровски, Тодор Џартов и Стефан Ќосевски, подоцна со успех оспособија радиопредавател од американско потекло „СЦР" од 20 вати.

Новиот предавател успешно стартуваше од куполата на Офицерскиот дом во Скопје. Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија кон крајот на декември 1944 година се подготвуваше за Второто заседание, сега во слободната татковина, во зградата каде што и денес се наоѓа Собранието. Владо Малески му предложи на Президиумот на Собранието смела идеја - Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија да се пренесува директно преку Радио Скопје. Тоа беше нов предизвик, но и грижа како да се поврзе кабелски салата од каде што требаше да се врши преносот. Недостигаа стотици метри кабли кои не можеа да се најдат во Македонија. Беше најдено решение радиостаницата да се премести од Офицерскиот дом на покривот на Собранието на Македонија и од таму да се врши пренос од заседанието. По неколкудневна работа сè беше готово од технички аспект.

Денот на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ е определен 28 декември 1944 година. Во еден дел на собраинската сала, зад микрофонот, многу возбуден, според сопственото сведочење, се наоѓаше Владо Малески во исчекување да започне собирот.

Секој миг во салата се очекуваше доаѓањето на првиот претседател на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, Методија Андонов Ченто. Тогаш Владо Малески го започна своето јавување. Низ етерот, за првпат во ослободената татковина, се пренесоа зборовите на македонски јазик:

 
Владо Малески ги изговара првите зборови во Македонскиот етер

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје, Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија..."

По уводното репортерско јавување за значењето на Собранието и за точките што ќе ги разгледува, Владо Малески го најави настапот на Методија Андонов Ченто. По поздравите до сите присутни на Собранието, тој им се заблагодари на сите оние што со натчовечки напори овозможија низ етерот да се слушне македонскиот јазик, како и одлуките на Второто заседание.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Слушај online Архивирано на 26 април 2020 г.