Смрдлика

вид растение

Смрдлика или смрдеш (научPistacia terebinthus) — листопадна грмушка со мало дрво од Средозмјето и Досредоземјето[2] во склоп на семејството на руевите (Anacardiaceae). Има сложени непарно перјести листови[2]. Дводомен вид кај кој цветовите се собрани во метлести соцветија[2]. Плодот е мала, металносива косличка[2]. Содржи смолни канали и смола во вегетативните делови[2]. Претставува единечна или групна примеса во поизразито термофилните шумски заедници[2]. Доста е застапено насекаде во Македонија, а посебно во јужните делови, заради што тоа е застапено и во топонимијата, односно во името на планината Смрдеш во Радовишко, костурското село Смрдеш во Егејска Македонија итн.

Смрдлика
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Сапуновидни
Семејство: Руеви
Род: Ф’стак
Вид: Смрдлика
Научен назив
Pistacia terebinthus
L.
Распространетост
Синоними[1]
  • Lentiscus vulgaris Garsault nom. inval.
  • Pistacia terebinthina St.-Lag. [Spelling variant]
  • Terebinthus communis Dum.Cours.
  • Pistacia palaestina Boiss.
  • Terebinthus vulgaris Dum.Cours.

Наводи

уреди
  1. „The Plant List: A Working List of All Plant Species“. Посетено на 21 ноември 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Андоноски, Александар (2009). „Смрдлика (Смрдеш)“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1385. ISBN 978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).CS1-одржување: користи параметар editors (link)