Слободан Рајковиќ

Слободан Рајковиќ (Белград, 3 февруари 1989) е српски фудбалер кој моментално настапува за екипата на МТК.[1] Тој игра во одбраната на екипата на позицијата стопер.

Слободан Рајковиќ за репрезентацијата на Србија во 2008 година

Кариера

уреди

Слободан Рајковиќ е роден во местото Падинска Скела, а помладите фудбалски категории ги минал во екипата на ОФК Белград.[2] Своjoт прв натпревар за првиот тим на ОФК Белград го имал на 15-годишна возраст во сезоната 2004/05.[3] Како 16-годишник, во 2005 година, тој потпишал договор тежок 5,2 милиони евра со англискиот клуб Челзи.[3][4] Според договорот, Рајковиќ играл за ОФК Белград до сезоната 2006/07, а потоа се преселил во составот на Челзи.

Во месец јуни 2007 година екипата на Челзи решила да го позајми Рајковиќ на составот на ПСВ Ајндховен.[5] По истекот на периодот како позајмен играч, екипата на ПСВ посакувала Рајковиќ да остане уште една година во нивните редови, но екипата на Челзи ја отфрлила таа можност, затоа што била незадоволна од неговата доделена минутажа во составот на Ајндховен.

Сепак, Рајковиќ не заминал далеку, туку останал во Холандија како позајмен играч во екипата на Твенте.[6] Во месец јуни 2009 година, заемот бил продолжен за уште една година. Во месец август 2010 година Рајковиќ повторно бил позајмен, но овојпат во составот на Витесе заедно со неговиот соиграч од редовите на Челзи и младата репрезентација Немања Матиќ.[7]

По враќањето од Витесе, Рајковиќ во летото 2011 година комплетно ги минал подготовките со екипата на Челзи. Тој одиграл неколку пријателски натпревари, а тогашниот тренер на екипата на Челзи, Андре Вилас-Боаш посакувал да го задржи во тимот.[8] Сепак, Слободан Рајковиќ поради неисполнување на условите за добивање на работна дозвола не можел да игра за составот на Челзи.[9]

Во месец август 2011 година, Слободан Рајковиќ потпишал четиригодишен договор со германскиот бундеслигаш Хамбургер.[10] Во месец јули 2012 година тој бил исфрлен од првиот тим откако на тренинг се судрил со корејскиот репрезентативец Хјун Мин Сон и се обидел да го удри по кратка вербална расправија. Кореецот избегал и ненамерно го удрил во главата турчинот Толгај Арслан, кој стоел веднаш зад него. Арслан паднал на земја во несвест со скршена аркада.[11][12] Неколку дена подоцна, клубот реагирал и излегол со официјално соопштение во кое столело дека Рајковиќ е отстранет од првиот тим и дека ќе мора да си најде нов клуб, бидејќи за него нема место во Хамбург.[3]

Во наредните девет месеци тој бил надвор од конкуренција за тимот и бил на милост и немилост на тренерите Торстен Финк и Барт Ван Марвијк. Дури со доаѓањето на тренерот Мирко Сломка, во февруари 2014 година, тој се рехабилитирал и се вратил во тимот на ХСВ (Хамбургер).[13] Штом се сместил во стартната кипа на Хамбургер ги скинал лигаментите на левото колено на натпреварот против составот на Вердер од Бремен (1:0) и го пропуштил остатокот од сезоната.[14] За четири сезони минати во дресот на ХСВ, тој настапил на само 42 натпревари во Бундеслигата и притоа постигнал два гола.

На крајот на месец септември 2015 година, Рајковиќ потпишал договор со германскиот тим Дармштад.[15] За овој клуб во сезоната 2015/16 настапил 15 пати во Бундеслигата. На почетокот на месец август 2016 година, се преселил во екипата на Палермо, Италија.[16] За време на неговата прва сезона со Палермо, имал проблеми со повреди, поради што играл многу малку.[17] Екипата на Палермо во сезоната 2016/17 испаднала од Серија А, па Рајковиќ во наредните две сезони настапувал во втората лига - Серија Б. Во сезоната 2018/19 Слободан Рајковиќ бил стандарден во тимот на Палермо кој се борел за да се врати во Серија А.[18][19] Составот на Палермо ја завршил сезоната во Серија Б на третото место и обезбедил место во бараж натпреварот за Серија А, но поради финансиски нерегуларности клубот испаднал во третиот ранг, односно во Серија Ц.[20] По тој настан Рајковиќ го напуштил клубот.

Првиот дел од сезоната 2019/20 бил без ангажман. Во текот на месец ноември 2019 година, тој тренирал заедно со екипата на Партизан,[21] но сепак не потпишал договор. Во месец јануари 2020 година се вратил во Италија и потпишал за второлигашот Перуџа.[22] Во месец август 2020 година потпишал за екипата на Локомотив од Москва,[23] но договорот бил раскинат во месец јануари наредната година.[24]

Репрезентација

уреди

Веќе како 16-годишник Рајковиќ станал редовен член на младата репрезентација на Србија. Настапувал на Европското првенство за млади во 2007 година и на Олимписките игри 2008 година во Пекинг. На натпреварот од последното коло од групната фаза против селекцијата на Аргентина во рамките на олимпискиот турнир, Рајковиќ го плукнал судијата, по што бил суспендиран една година од сите клупски и репрезентативни натпреварувања,[25] но по жалбата на Фудбалскиот сојуз на Србија, таа казна се преименувала и се однесувала само на репрезентативните натпревари. За сениорската репрезентација на Србија за прв пат настапил во 2008 година, на натпреварот против репрезентацијата на Република Ирска.

Трофеи

уреди

ПСВ Ајндховен

уреди

Твенте

уреди

Наводи

уреди
  1. Cvetković, Ivan (12 јануари 2022). „TSC počeo pripreme, Rajković i Petković napustili Bačku Topolu“. sportske.net. Посетено на 15 јануари 2022.
  2. „Slobodan Rajković novi dijamant omladinske škole OFK Beograda“. glas-javnosti.rs. 14 мај 2004. Архивирано од изворникот на 2022-06-17. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Slobodan Rajković“. reprezentacija.rs. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Kako su srušeni snovi najskupljeg srpskog talenta…“. mozzartsport.com. 10 мај 2018. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „Rajković u PSV-u preko Čelsija“. b92.net. 16 јуни 2007. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Meklaren doveo Rajkovića u Tvente“. b92.net. 9 јули 2008. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Matić i Rajković u Viteseu“. b92.net. 23 август 2010. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Čelsi hoće da zadrži Rajkovića, podnet zahtev za radnu dozvolu“. sport.blic.rs. 29 јули 2011. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Rajković bez radne dozvole“. reprezentacija.rs. 14 август 2011. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. „Rajković u Hamburgu!“. mondo.rs. 24 август 2011. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. „Rajković učestvovao u tuči“. b92.net. 13 јули 2012. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  12. „Nokauter Rajković izbačen iz tima!“. novosti.rs. 13 јули 2012. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. „Hamburger: Slomka vratio Rajkovića“. novosti.rs. 20 февруари 2014. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  14. „Rajković pokidao ligamente kolena“. b92.net. 2 март 2014. Посетено на 2 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  15. Novi zadatak za Ramba: Slobodan Rajković potpisao za Darmštat!, mozzartsport.com
  16. Rajković uzeo „peticu“ i poručio: Mnogi su me tražili, ali želeo sam u Palermo, mozzartsport.com
  17. Čovek zvani maler: Rajković pauzira dva meseca, mozzartsport.com
  18. Sezona karijere Slobodana Rajkovića, žele ga tri kluba iz Serije A!, mozzartsport.com
  19. Potrebni hitni transferi za spas karijera: Srpski fudbaleri kojima su propale sezone Архивирано на 24 јули 2019 г., mozzartsport.com
  20. NIŠTA OD SERIJE A: Palermo izbačen u niži rang, novosti.rs
  21. „FOTO VEST: Rajković obukao crno-belo“. mozzartsport.com. 21 ноември 2019. Посетено на 29 јануари 2020.
  22. „ZVANIČNO: Slobodan Rajković potpisao za Peruđu“. mozzartsport.com. 27 јануари 2020. Посетено на 29 јануари 2020.
  23. „Слободан Райкович перешел в «Локомотив»“. fclm.ru (руски). 13 август 2020. Посетено на 19 август 2020.
  24. „RASTANAK: Rajković raskinuo ugovor sa Lokomotivom“. tvarenasport.com. 19 јануари 2021. Посетено на 27 август 2021.
  25. Rajković suspendovan na godinu dana zbog pljuvanja sudije, Посетено на 25. 4. 2013.

Надворешни врски

уреди