Сливо Поле
Сливо Поле (бугарски: Сливо поле) — град во Североисточна Бугарија, административен центар на Општина Сливо Поле во Русенската Област. Има население од околу 3.323 жители (2022).[1]
Сливо Поле Сливо поле | |
---|---|
град | |
Местоположба на Сливо Поле во Бугарија | |
Координати: 43°56′32″N 26°12′18″E / 43.942165° СГШ; 26.204866° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Русе |
Општина | Сливо Поле |
Управа | |
• Градоначалник | Валентин Атанасов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 36,233 км2 (13,990 ми2) |
Надм. вис. | 23 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 3,323 |
• Густина | 92/км2 (240/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 7060 |
Повик. бр. | +359 08131 |
Мреж. место | slivopole.bg |
Географија и местоположба
уредиСливо Поле се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина само на 5 километри од реката Дунав. Градот се наоѓа на 21 километри североисточнп од регионалниот центар Русе и на 346 километри од главниот град Софија.
Историја
уредиВо 1952 година се пронајдени траги од тракиска античка населба при копање на каналите за систем за наводнување на 2 километри североисточно од денешната местоположба на населбата.
Во 1656 година, Сливо Поле се споменува под името Сливолик, во Русенскиот Вилает.[2] На почетокот на XIX век, по епидемија на чума, неговите жители се населиле на денешното место и новата населба се викала Ќоселер Махале. По завршувањето на Кримската војна, во селото се населиле Кримските Татари, а по 1863 година се населиле и Бугари од градот Русе и Романија. Во тоа време селото почнало да се вика Бујук Ислепол, а подоцна станало само Ислепол и Слепово. Во 1912 година селото бил преименуван во Сливо Поле.
На 18 мај 2011 година селото Сливо Поле било прогласено за град.[3]
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Е. Грозданова. „Българската народност през 17 век“
- ↑ Решение № 782 на Министерски Съвет от 18.05.2011 г.