Песни за мали и големи

„Песни за мали и големи“поезија за деца на македонската писателка Славка Арсова.

Песни за мали и големи
АвторСлавка Арсова
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрпоезија
ИздавачАкадемски печат
Издадена
2011
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди

Поезијата за деца на македонската писателка Славка Арсова како што пишува Бистрица Миракуловска во својот осврт кон делото не е само поезија за децата, неа ја читаат и возрасните, родителите, воспитувајќи ги своите деца преку родителството како своја света должност, па токму затоа и го носи овој наслов. [1]

Книгата „Песни за мали и големи“ поделена е во неколку циклуси, делови кои имаат своја порака. Првиот дел е насловен „Денот со убав збор секогаш нека ти почне“, преовладува со песни за татковината, градот, домот, другарот...

Вториот дел „Бескрајна убавина низ сиот простор дрочи, така ја гледаат родната земја детските мили очи“ изобилува со стихови за природата и животните и растенијата.

Третиот, последен дел, наречен „Врти сучи, врти сучи нема спас мора да се учи“- се стихови за училишниот живот.

Изданија

уреди

Првото издание е во 2011 година од издавачката куќа „Академски печат“, Скопје [2]

Осврт кон делото

уреди

Делото на Славка Арсова, според зборовите на Бистрица Миракуловска оддишува со „искрени стихови за среќно детство, пријателство, другарство, детски соништа со изразена фантазија, како и пораки за младата генерација секогаш да чекори наугорно по скалилата на уката, чесноста, кон виножитото“.

Вториот дел обилува со пејсажни стихови, каде поетсата со восхит пее за природата и сѐ она што го опкружува малиот читател.

Третиот циклус е најголем каде авторката иманентно се придржува до својот препознатлив стил од претходните збирки, „Именијада“( 1992), „Разни имиња -без презимиња“( 2005), Бисерчиња од детски главчиња“ (2009), каде има збир на одбрана дружина на јунаци во нејзините песни, именувани и неименувани, нивните мајки, татковци, дедовци и баби, учителки и воспитачки, но и врапци, срнички, ластовички, јагниња и др.

Анализирајќи ја поетиката на Арсова, Бистрица Миракуловска во освртот за оваа книга констатира дека авторката „формата на песните најчесто ја гради во катрени, со доследно спроведен ритам и рима, со стегнат, навидум едноставен израз, приспособен кон артикулациони и мисловни способности на детето и неговата ориентација во просторот и времето“. [3]

Наводи

уреди
  1. Песни за мали и големи, Славка Арсова, Академски печат, 2011, Скопје,стр95-99
  2. Песни за мали и големи, Славка Арсова, Академски печат, 2011, Скопје,стр95-99
  3. Песни за мали и големи, Славка Арсова, Академски печат, 2011, Скопје,стр95-99