Зелениот брод
„Зелениот брод“ — роман за деца и млади на македонската писателка Славка Арсова.
Автор | Славка Арсова |
---|---|
Изработувач на корицата | Тони Тоциновски |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | проза |
Издавач | Александар&Александар |
Издадена | 2001 |
Медиум | печатено издание |
Содржина
уредиФантастичниот роман „Зелениот брод“ претставува фантазија, сонувана прошетка некаде во вселената. Во оваа повест, или краток роман кој е и продолжение на „Дом на Месечината“- фантастичен роман, на дружината на деца им се приклучуваат и други јунаци, патувачи на Зелениот брод. Главен јунак нема. Сите учествуваат во бродското патешествие и во детските палавости. Тука се брборката Ајлин, филозофот Драгана, малиот плашлив Лука и интересниот Чичко Це-Це. Темата е бегство од стварноста во фантазијата, во измислен свет. [1]
Изданија
уредиПрвото издание е во 2001 година од издавачката куќа „Александар& Александар“, 2001, Скопје“,
Осврт кон делото
уредиДелото на Славка Арсова, Зелениот брод обилува со слики како производ на детската фантазија. Има голем број на успешни метафори , кои претставуваат панорами на детската фантазија, па читателите уживаат во читањето. Според рецензијата на Есад Бајрам за романот/ повеста, „фантазијата е најблаготворна за децата- кои мечтаат за она што го немаат. Мечтаењето е духовна храна за децата.“ [2]