Награда „Антево перо“
„Антево перо“ – награда за необјавена поетска книга на македонски јазик. Наградата е востановена во чест на поетот Анте Поповски.
Награда
уредиНаградата ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ и се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.
Историјат
уредиНаградата „Антево перо“ е востановена во 2018 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис). На конкурсот може да се пријават автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик.
Досегашни добитници на „Антево перо“
уредиГодина | Добитник | Книга поезија |
---|---|---|
2018[1] | Славе Ѓорѓо Димоски | Кумова слама |
2019[2] | Александра Димитрова | Дупка |
2020[3] | Ана Стојаноска | Потпис: Трепетлика |
2021[4] | Братислав Ташковски | Небесни разговори |
2022[5] | Јулијана Младеновска Тешија | Куќа |
2023[6] | Александар Русјаков | 50 испеани приказни |
Наводи
уреди- ↑ Промоција на Кумова слама од Славе Ѓ. Димоски наградена со Антево перо на семрежното место на Охрид магазин
- ↑ „Наградата Антево перо за Александра Димитрова“. Архивирано од изворникот на 2021-06-20. Посетено на 2020-05-30.
- ↑ Вечер (2020-09-14). „Наградата "Антево перо" за 2020 ја доби Ана Стојаноска | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ Умно.мк, од (2021-09-02). „„Антево перо" за „Небесни разговори" од Братислав Ташковски - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ „Наградата „Антево перо" за 2022 за стихозбирката „Куќа" од Јулујана Младеновска Тешија“. А1он (англиски). 2022-09-26. Посетено на 2023-11-06.
- ↑ Вечер (2023-08-16). „„Антево перо" за стихозбирката „50 испеани приказни" на Александар Русјаков | Вечер ...1963 | Vecer MK“. Посетено на 2023-11-06.