Скелетон на Зимските олимписки игри 2014

Скелетон на
Зимските олимписки игри 2014
Дисциплини
мажи  жени

Натпреварите во скелетон на Зимските олимписки игри 2014 се одржаа на ледената патека Санки во близина на Краснаја Полјана, Русија. Беа одржани натпревари во машка и женска конкуренција од 13 до 15 февруари 2014.[1] Ова било шести пат како скелетонот бил дел од официјалната програма на Зимските олимписки игри.

Распоред на натпреварување уреди

Распоред на одржување на натпреварите во двете дисциплини.[2]

Саатницата е по месно време (UTC+4).

Датум Време Дисциплина
13 февруари 11:30 Жени поединечно прва и втора трка
14 февруари 16:30 Мажи поединечно прва и втора трка
Жени поединечно трета и четврта трка
15 февруари 18:45 Мажи поединечно трета и четврта трка

Преглед на медали уреди

Табела на медали уреди

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   Русија (RUS) 1 0 1 2
2   Велика Британија (GBR) 1 0 0 1
3   САД (USA) 0 1 1 2
4   Латвија (LAT) 0 1 0 1
Вкупно 2 2 2 6

Освојувачи на медали уреди

Дисциплина Злато Сребро Бронза
Мажи
подробно
Александар Третјаков
  Русија
3:44.29 Мартинс Дукурс
  Латвија
3:45.10 Метју Антон
  САД
3:47.26
Жени
подробно
Лизи Јарнолд
  Велика Британија
3:52.89 Ноел Пајкус-Пејс
  САД
3:53.86 Елена Никитина
  Русија
3:54.30

Квалификации уреди

На олимпискиот турнир во скелетон учествуваат вкупно 50 натпреварувачи, 30 во машка и 20 во женска конкуренција. Системот на квалификации се заснова врз основа на пласманот на ранг листите од сезоната 2013/14.[3] Секој потенцијален учесник во машка конкуренција морал да биде пласиран меѓу првите 60 на светската ранг листа, односно во женска конкуренција пласман во првите 45. Услов бил и учество на минимум 5 различни трки на 3 различни патеки во тековната и минатата сезона.

Земји учеснички уреди

Настапиле 47 натпреварувачи од 17 земји. Бројот на натпреварувачи по земја е напишан во заграда.

Наводи уреди

  1. „Sliding Center Sanki“. SOOC. Архивирано од изворникот на 2013-10-13. Посетено на 16 November 2012.
  2. „Skeleton Schedule and Results“. SOOC. Архивирано од изворникот на 2014-01-29. Посетено на 12 January 2014.
  3. „Qualification Systems for XXII Olympic Winter Games, Sochi 2014“ (PDF). FIBT. December 2011. Посетено на 18 November 2013.