Скајлар Греј

американска пејачка

Холи Брук Хаферман (англ. Holly Brook Hafermann; родена на 23 февруари 1986), професионално позната како Скајлар Греј (англ. Skylar Grey) ― американска пејачка, текстописец и музички продуцент. Во 2004 година потпишала договор за снимање под името Холи Брук.

Скајлар Греј
Скајлар Греј на настап во 2016 година
Животописни податоци
Родено имеХоли Брук Хаферман[1]
Познат(а) и какоХоли Брук[2]
Роден(а)23 февруари 1986(1986-02-23)(38 г.)
Мазомани, Висконсин, САД
Жанрови
Занимања
  • пејачка
  • текстописец
  • музички продуцент
Инструменти
  • Пеење
  • пијано
  • гитара
Период на активност2004–денес
Издавачи
Мреж. местоskylargreymusic.com

Нејзината популарност значително се зголемила откако во 2010 година, заедно со англискиот продуцент Алекс да Кид, Греј ја компонирала песната „Love the Way You Lie“ изведена од Еминем и Ријана и која станала огромен светски хит.

Скајлар Греј е позната и по тоа што била гостин-пејач на неколку хит-песни, како: „Where'd You Go“ од Fort Minor, „Coming Home“ од Диди, „I Need a Doctor“ од д-р Дре, „Bed of Lies" од Ники Минаж и „Glorious“ од Меклмор. Исто така, напишала песни за многу истакнати изведувачи, како: Келани, Џи-Изи, Алиша Кис, Сиара, Кристина Агилера, Зед, Ник Џонас, Селин Дион и Сило Грин.

Живот и кариера

уреди

Холи Брук Хаферман, позната како Скајлар Греј, е родена на 23 февруари 1986 година во Мазомани, Висконсин. Започнала да се занимава со музика уште од најмала возраст.

Во 2004 година, под името Холи Брук, Греј потпишала договор за издавање со Universal Music Publishing Group и договор за снимање со Machine Shop Recordings, издавачка куќа на Linkin Park. Нејзиниот прв студиски албум, Like Blood Like Honey, бил издаден во 2006 година. На 10 јуни 2010 година, самостојно го објавила ЕР-то со седум песни, O'Dark:Thirty.

 
Скајлар Греј пее на фестивал на Тибет во јули 2011 година

Во 2010 година, таа го променила професионалното име во Скајлар Греј и започнала да соработува со англискиот продуцент Алекс да Кид. Тие заедно ја компонирале песната „Love the Way You Lie“.[5][6] Песната ја добиле американскиот рапер Еминем (кој ги напишал стиховите) и Ријана. Песната станала светски хит, искачувајќи се на прво место на 26 топ-листи и била номинирана за четири Греми награди. Греј била номинирана за Греми за песна на годината за „Love the Way You Lie“.[7] Алекс да Кид потпишал договор со Греј со неговата издавачка куќа Kidinakorner, подружница на Interscope Records.

Во 2013 година, Греј го издала нејзиниот втор студиски албум "Don't Look Down", кој бил продуциран од Алекс да Кид и Еминем, кој исто така бил извршен продуцент на албумот. Албумот содржел соработки со музичари како Биг Шон и Еминем и од него биле издадени сингловите: "C'mon Let Me Ride" и "Final Warning". Третиот албум, Natural Causes (2016) бил пофален од критичарите но не успеал да се пласира на топ-листите. Песната „Last One Standing“ од 2021 година (во соработка со Polo G, Mozzy и Еминем) станала прва нејзина песна со која како изведувач која се пласирала на Billboard Hot 100; стигнала до 78-мо место. Следната година го издала нејзиниот четврти студиски албум, Skylar Grey (2022).

Соработки и други проекти

уреди

Покрај нејзината соло-кариера, Греј е позната и по нејзините соработки со други музичари и продуценти. Во септември 2012 година, песната од Греј „Building a Monster“ била вклучена на саундтракот од филмот Frankenweenie од Тим Бартон.[8][9]

Во 2012 година, Греј била котекстописец на песната „Clarity“ во исполнение од руско-германскиот продуцент Зед, која во 2014 година освоила Греми за најдобар денс запис.[10]

Во февруари 2013 година, американскиот музичар Сило Грин објавил сингл под наслов „Only You“, кој го напишал заедно со Греј.[11] Греј, исто така, придонела со песна, насловена „Slowly Freaking Out“, за саундтрак-албумот од филмот Домаќин од 2013 година, заснован на романот од Стефани Мајер.[12]

Во септември 2013 година, Греј објавила музичко видео за нејзината преработка на песната од Дафт Панк, „Get Lucky“.[13] Во октомври 2013 година, Греј соработувала со Моби на песната „The Last Day“ за неговиот единаесетти албум, Innocents. [14] На 17 октомври 2013 година, Греј ја објавила преработката на „Adicted to Love“ од Роберт Палмер.[15] [16] Во ноември 2013 година, пеела на песната „Asshole“ од осмиот студиски албум на Еминем, The Marshall Mathers LP 2.[17]

На 20 јануари 2014 година, Греј објавила песна под наслов „Shot Me Down“, во соработка со Дејвид Гета.[18] Во март 2014 година, била објавена песната „Hero“, во која Греј соработува со американскиот музичар Кид Кади, а која била снимена за филмот Потреба за брзина и била објавена на официјалниот саундтрак од филмот.[19] Во август 2014 година, Греј пеела во песната од американскиот рапер Т.I., „New National Anthem“, од неговиот деветти албум, Paperwork. [20] Во ноември 2014 година, Греј се појавила на Shady XV, компилациски албум од различни изведувачи издаден од Shady Records; заедно со Еминем и Јелаволф ја испеала песната „Twisted“. [21] Во 2014 година, Греј и американската раперка Ники Минаж ја напишале песната „Bed of Lies“, од третиот албум на Минаж, The Pinkprint.

Во февруари 2015 година, Греј објавила песна од саундтракот на Педесет нијанси сиво под наслов „I Know You“. Во 2017 година, Греј ја испеала песната „Wreak Havoc“ и ја напишала песната „Gangsta“ од Келани за саундтракот од Одредот на отпишаните.  Греј подоцна ја напишала песната од Келани и G-Eazy „Good Life“ за саундтракот од Брзи и бесни 8. Греј повторно соработувала со G-Eazy и ја напишала песната „Pick Me Up“ за неговиот албум The Beautiful & Damned.

На 31 март 2017 година, американската рок-група Papa Roach ја објавила песната „Periscope“, на која како гостин-пејачка пеела Греј. Греј била вклучена и во синглот на американскиот рапер Меклмор „Glorious“, објавен на 25 јуни 2017 година. Синглот се нашол на врвот на топ листите во многу земји.[22] Греј соработувала со Еминем за неговиот албум Revival, пишувајќи ги соработките: „Walk On Water“ со Бијонсе, „Like Home“ со Алиша Кис, „Need Me“ со Пинк и „Tragic Endings“ со самата Греј.[23]

На 25 јануари 2018 година, Греј објавила преработка на „Stand by Me“ од Бен Е. Кинг.[24] Подоцна истата година, Греј го напишала и го извела синглот „Everything I Need“, за филмот од Џејмс Ван, Аквамен.[25][26]

На 7 август 2019 година, Греј објавила нова песна под наслов „New Kind Of Love“ која била вклучена на римејкот од филмот Четири свадби и погреб.[27] Во изданието на Билборд од 24 август, Греј открила дека ја напуштила Interscope Records поради „креативни разлики, дека нејзиното заминување било „пријателско“, и дека во 2017 година потпишала со Crush Music.[28]

Во 2019 година, Греј и нејзиниот вереник Елиот Тејлор, за Селин Дион ја напишале песната „Falling In Love Again“. Групата Тrain објавила песна со Греј под наслов „Mai Tais“.[29]

На 17 јануари 2020 година, Еминем го издал неговиот единаесетти студиски албум, Music to Be Murdered By, кој содржел песна со Греј насловена како „Leaving Heaven“. Греј ја напишала и ја продуцирала песната, со што станала прва соло-музичарка која продуцирала песна на Еминем.[30]

На 30 септември 2021 година, песната од Греј „Last One Standing“ била вметната во саундтракот за филмот Venom: Let There Be Carnage, во песната покрај неа пеат: Еминем, Поло Џи и Мози.[31]

На 15 јули 2022 година, песната од Греј „My Heart Has Teeth“, била вклучена во саундтракот за серијата Resident Evil. [32] На 27 октомври 2022 година, песната од Греј „Walking On Fire“, била вметната во саундтракот од серијата Академија за вампири.[33]

Греј била коавтор и пеела во песната од Еминем „Temporary“ од неговиот албум од 2024 година, The Death of Slim Shady (Coup De Grâce).

Дискографија

уреди
  • Like Blood Like Honey (2006)
  • Don't Look Down (2013)
  • Natural Causes (2016)
  • Skylar Grey (2022)

Наводи

уреди
  1. Otter, Charlotte (July 17, 2010). „String of hits gives Da Kid a break“. Music Week (28). стр. 10. Архивирано од изворникот на February 17, 2015. Посетено на January 17, 2015.
  2. „BEFORE SKYLAR GREY, THERE WAS HOLLY BROOK (AND FORT MINOR'S 'WHERE'D YOU GO')“. MTV News. Архивирано од изворникот на July 3, 2020. Посетено на 11 May 2020.
  3. „Skylar Grey's solo debut finally set to see the light of day - Washington Post“. July 12, 2013. Архивирано од изворникот на 12 July 2013.
  4. Baltin, Steve. „Premiere: Skylar Grey's Live 'Shame On You' First Taste Of Stunning New Album“. Forbes.
  5. „Skylar Grey: The Changeling“. SPIN. June 10, 2011. Посетено на March 9, 2015.
  6. Chic, "Good Times".
  7. Eminem, Bruno Mars, Lady Gaga Lead Grammy Nominations via Billboard
  8. „The WOLF Morning Show: The Band Perry Toast Latest #1 Hit and Look Forward to Sophomore Project!“. February 28, 2012. Посетено на March 9, 2015.
  9. „The Band Perry Collaborating with Sheryl Crow & "Love the Way You Lie" Writer - ABC News Radio, February 28, 2012“. Архивирано од изворникот на August 23, 2013.
  10. „Past Winners Search“. The GRAMMYs. Посетено на March 9, 2015.
  11. „iTunes - Music - Only You (feat. Lauriana Mae) - Single by Cee Lo Green“. iTunes. January 2013. Посетено на March 9, 2015.
  12. THE HOST.
  13. Media's Future, As Seen Through One Clunky ‘Get Lucky’ Cover - The Wall Street Journal, September 25, 2013.
  14. „innocents - new album from moby - moby.com“. moby.com. Посетено на March 9, 2015.
  15. 'Endless Love'. MTV. Архивирано од изворникот на October 17, 2013. Посетено на March 9, 2015.
  16. „Addicted To Love - Skylar Grey Version“. YouTube. February 7, 2014. Архивирано од изворникот на 2023-11-02. Посетено на March 9, 2015.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „EMINEM - MMLP2 Tracklisting“. www.eminem.com. Архивирано од изворникот на October 14, 2013. Посетено на March 9, 2015.
  18. „David Guetta, Skylar Grey — Shot Me Down [Jack Back Records] :: Beatport“. Beatport. Посетено на March 9, 2015.
  19. „Various Artists: Need For Speed - Original Motion Picture Soundtrack - Music on Google Play“. Посетено на March 9, 2015.
  20. „NEW MUSIC: T.I. F/ SKYLAR GREY – 'NEW NATIONAL ANTHEM'. Rap-Up. August 20, 2014. Посетено на August 21, 2014.
  21. „SHADYXV Tracklist Revealed + New Merch Colorways Released“. Shady Records. Посетено на November 27, 2014.
  22. „ARIA Australian Top 50 Singles“. Australian Recording Industry Association. November 6, 2017. Посетено на November 9, 2017.
  23. "Revival / Eminem TIDAL".
  24. "Stand By Me / Skylar Grey TIDAL".
  25. Topham, Michelle (December 15, 2018). „Listen to Skylar Grey's 'Everything I Need' from Aquaman end credits –it's beautiful“.
  26. Geisinger, Gabriella (December 15, 2018). „Aquaman ending song: Who wrote Aquaman ending song Everything I Need?“. Express.co.uk.
  27. „Skylar Grey MCXCIII :: 'New Kind of Love' – from Hulu's 'Four Weddings and a Funeral', Now Available | Buy | SKYLAR GREY NEWS“. Посетено на 2019-08-23.
  28. Празен навод (help)
  29. Празен навод (help)
  30. „Skylar Grey aka the hitmakers' secret weapon releases 'Dark Thoughts', a brooding and sensual new single | MEAWW“. meaww.com.
  31. „Skylar Grey, Polo G, Mozzy, and Eminem join forces on "Last One Standing". REVOLT.
  32. Sunkel, Cameron (July 9, 2022). „deadmau5 to Reunite With Skylar Grey For Music On "Resident Evil" Soundtrack“. Edm. Посетено на July 9, 2022.
  33. Khaly Monchik, Natalia (October 27, 2022). „Skylar Grey Presents New Single "Walking On Fire". Eminem News. Посетено на February 3, 2023.

Надворешни врски

уреди