Аквамен (филм)
Аквамен (англиски: Aquaman) — американски суперхеројски филм во режија на Џејмс Ван. Тоа е шестиот филм во Проширената вселена на DC по Лига на правдата (2017), а исто така е и дополнение. Улоги: Џејсон Момоа, Амбер Херд, Патрик Вилсон, Вилем Дефо, Долф Лундгрен и Никол Кидман. Снимањето започнало во мај 2017 г. во Голд Коуст, Австралија. Студиото Warner Bros. Pictures го објавило филмот во форматите 2D, 3D и IMAX. Бил пуштен во широко издание во Македонија на 13 декември 2018 г., а во САД на 21 декември 2018 г.[4][5][6]
„Аквамен (филм)“ | |
---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Џејмс Ван |
Продуцент |
|
Главни улоги | |
Музика | Руперт Грегсон-Вилијамс |
Кинематографија | Дон Буџс |
Монтажа | Кирк Мори |
Студио | |
Дистрибутер | Warner Bros. Pictures |
Премиера | 21 декември 2018 г. (САД) 13 декември 2018 г. (Македонија) |
Времетраење | 143 минути |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 160 — 200 милиони долари[2][3] |
Бруто заработка | 1,152 милијарди долари |
Следен | Аквамен и изгубеното кралство |
Содржина
уредиРоден на бреговите на површинскиот свет, Артур Кари открива дека е само половина човек, а другата половина од неговата крв е од атлантско потекло, што го прави вистинскиот наследник на престолот на подморското кралство Атлантида. Меѓутоа, Артур дознава дека со Атлантида управува неговиот злонамерен полубрат Орм, кој се обидува да ги обедини седумте подводни кралства и да води војна на површината. Со помош на Нујдис Вулко и прекрасната Мера, Артур мора да го открие целосниот потенцијал на неговата вистинска судбина и да стане Аквамен за да ја спаси Атлантида и површината од злобниот заговор на Орм.
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Џејсон Момоа | Артур Кари / Аквамен |
Амбер Херд | Мера |
Вилем Дефо | Нујдис Вулко |
Патрик Вилсон | Орм |
Долф Лундгрен | Нереј |
Јахја Абдул-Матин II | Дејвид Кејн / Црната Манта |
Темуера Морисон | Томас Кари |
Никол Кидман | Атлана |
Џон Рис-Дејвис | кралот Брајн (глас) |
Наводи
уреди- ↑ McCarthy, Peter (December 11, 2018). „'Aquaman': Film Review“. The Hollywood Reporter. Посетено на May 21, 2022.
- ↑ Clark, Travis (December 19, 2018). „'Aquaman' has already made more money than its production budget, and is looking at a big opening in the US“. Business Insider. Архивирано од изворникот December 19, 2018. Посетено на January 18, 2019. Alt URL
- ↑ Mendelson, Scott (December 25, 2018). „'Aquaman' Tops $500 Million: DC Films Ranked From Worst To Best“. Forbes. Посетено на March 17, 2019.
- ↑ McGloin, Matt (September 4, 2016). „Aquaman Films In Australia; Michael Kenneth Williams Said To Be Black Manta“. CosmicBookNews. Архивирано од изворникот October 10, 2016. Посетено на September 4, 2016.
- ↑ Perry, Spencer (November 7, 2016). „Filming Locations for Deadpool 2, The Predator, and Aquaman“. ComingSoon.net. Архивирано од изворникот November 7, 2016. Посетено на November 8, 2016.
- ↑ „„Аквамен" ќе исплива порано во Скопје“. Кајгана. Архивирано од изворникот 2024-09-22. Посетено на 2024-09-22.
Надворешни врски
уредиПовеќе за Aquaman на збратимените проекти на Википедија | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Запис y во базата на Википодатоци ? |
- Аквамен (филм) на Семрежната филмска база на податоци (англиски)