G-Eazy

американски рапер

Џералд Ерл Гилам (англ. Gerald Earl Gillum; роден на 24 мај 1989 година), познат по неговото уметничко име G-Eazy ― американски рапер, музички продуцент и глумец.

G-Eazy
G-Eazy во 2023
Животописни податоци
Родено имеЏералд Ерл Гилам
Роден(а)24 мај 1989(1989-05-24)(35 г.)[1]
Оукленд, Калифорнија, САД
ЖанровиХип-хоп
Занимања
  • Рапер
  • текстописец
  • музички продуцент
  • глумец
Период на активност2006–денес
Издавачи
Мреж. местоg-eazy.com

Живот и кариера

уреди

Џералд Ерл Гилам бил роден на 24 мај 1989 година во Оукленд, Калифорнија. Студирал на Универзитетот Лојола во Њу Орлеанс, каде што дипломирал на насоката музичка индустрија во 2011 година.[2]

G-Eazy почнал да работи како музички продуцент додека сè уште студирал на Универзитетот Лојола.[3] Станал член на месната хип-хоп група позната под името „The Bay Boyz“, која објавила неколку песни на нивната страница на Мајспејс.[4]

Во 2010 година, G-Eazy добил можност да биде воведен изведувач на концерти од некои добро познати музичари, особено Лил Вејн[5] и Снуп Дог.[6][7] Пред да потпише договор со RCA Records, објавил два независни албума: The Epidemic LP (2009) и Must Be Nice (2012).

 
G-Eazy на настап во 2013 година
 
G-Eazy на фестивалот Lollapalooza во 2015 година

На 23 јуни 2014 година, G-Eazy го издал неговиот прв албум со голема издавачка куќа, This Things Happen. Албумот се искачил на трето место на американската топ-листа за албуми Билборд 200. Од албумот го издал синглот „I Mean It“ со кој тој за прв пат се пласирал на американската топ-листа за синглови Billboard Hot 100.

Вториот албум на Гилам, When It's Dark Out, бил издаден на 4 декември 2015 година.[8] На 6 јануари 2016 година, G-Eazy ја започнал неговата втора светска турнеја при што одржал концерти во САД, Европа и Австралија.[9] Неговиот сингл „Me, Myself & I“, во соработка со Бебе Реџа, се искачил на 7-мо место на американскиот Billboard Hot 100.[10]

На 15 декември 2017 година, G-Eazy го издал албумот The Beautiful & Damned.[11] Водечкиот сингл од албумот „No Limit“ (во соработка со Карди Би и ASAP Rocky), се искачил на четврто место на Billboard Hot 100 и до денес е негова песна со највисок пласман на топ-листите. На 5 декември 2017 година, G-Eazy го објавил вториот сингл од The ​​Beautiful & Damned под наслов „Him & I“ во соработка со Холзи , со која во тоа време бил во врска.

Како глумец дебитирал со филмот Hustlers, во кој го глумел Џони, објавен на 13 септември 2019 година.

G-Eazy го објавил неговиот долгоочекуван четврти студиски албум These Things Happen Too на 24 септември 2021 година. Бил поддржан со сингловите „Running Wild (Tumblr Girls 2)“ во соработка со Косиско и „Breakdown“ со Деми Ловато. Албумот послабо се продавал за разлика од неговите претходни албуми.

Албумот Freak Show бил објавен на 21 јуни 2024 година. На албумот му претходеле сингловите „Femme Fatale“ и „Freak Show“. Албумот не успеал да се пласира на топ-листите.

Личен живот

уреди

Од 2017 до 2018 година, G-Eazy бил во врска со пејачката Холзи.[12][13] Од 2020 до 2021 година, бил во врска со глумицата Ешли Бенсон.[14]

Дискографија

уреди
  • The Epidemic LP (2008)
  • Must Be Nice (2012)
  • These Things Happen (2014)
  • When It's Dark Out (2015)
  • The Beautiful & Damned (2017)
  • These Things Happen Too (2021)
  • Freak Show (2024)

Филмографија

уреди
година Филм Улога Белешки Уп
2019 година Hustlers Џони Филм
2022 година Take Me to the River: New Orleans Себе си Документарец
We Were Hyphy Себе си Документарец
2023 година Сам ноќе Том Монтана Филм
All Souls Силас Антагонист

Наводи

уреди
  1. „G-Eazy news: Rapper's new album 'The Beautiful & Damned' to come out on Dec. 15“. November 16, 2017. Посетено на September 14, 2020.
  2. „G-Eazy Biography“. July 2020. Посетено на September 14, 2020.
  3. „On the Trail with Christoph Andersson“. On the Trail (англиски). Посетено на April 22, 2017.
  4. „Cornell University spotlight“. Cornell University. 2009. Посетено на December 14, 2011.
  5. Swan, Rachel (January 12, 2011). „The G-Eazy Life | Music | Oakland, Berkeley & the Bay Area“. Eastbayexpress.com. Посетено на December 14, 2011.
  6. Brooklyn Projects. „Interview: G-Eazy“. Brooklynprojects.com. Архивирано од изворникот на October 8, 2011. Посетено на December 14, 2011.
  7. „TUCP Spring Concert“. Tulane University Campus Programming. March 15, 2011. Посетено на December 14, 2011.
  8. „G-Eazy Details The Creation Of His Sophomore Album. [New Video]“. HNHH. September 29, 2015. Посетено на September 30, 2015.
  9. „G-Eazy Tour“. G-Eazy Official Website. Архивирано од изворникот на February 25, 2016. Посетено на February 27, 2016.
  10. Празен навод (help)
  11. „G-Eazy Reveals 'The Beautiful & Damned' Release Date, Film Trailer“. Rap-Up. November 8, 2017. Посетено на November 8, 2017.
  12. Празен навод (help)
  13. „How G-Eazy Really Feels About Ex-Girlfriend Halsey's Pregnancy“. E! Online. January 29, 2021. Посетено на November 25, 2023.
  14. Chiu, Melody (February 9, 2021). „Ashley Benson and G-Eazy Split After Less Than a Year of Dating“. People. Посетено на July 21, 2023.

Надворешни врски

уреди