Скандинавски Планини

(Пренасочено од Скандинавски планини)

Скандинавските Планини или Сканди (швед. Skanderna, Fjällen или Kölen[3], фин. Köli, норв. Kjølen[4]) — планински венец што се протега долж Скандинавскиот Полуостров. Западните падини нагло се спуштаат во Северното и Норвешкото Море, образувајќи ги познатите норвешки фјордови, додека пак североисточнит дел благо се свива кон Финска. На север ја образуваат границата помеѓу Норвешка и Шведска, сепак достигнувајќи 2.000 м кај поларникот. Венецот само малку навлегува во Финска (крајниот северозападен дел), но во најсеверниот дел кај Северниот ‘Рт венецот се состои само од ридови.

Скандинавски Планини
Skanderna, Fjällen, Kjølen
планински венец
Планината Ака во националниот парк Сарек, северна Шведска
Земји Норвешка, Шведска, Финска
Највисока точка Галхепинген [1]
 - местоположба Лом, Оплан, Норвешка
 - височина 2.469 м
 - координати 61°38′11″N 08°18′45″E / 61.63639° СГШ; 8.31250° ИГД / 61.63639; 8.31250
Должина 1.700 км [2]
Ширина 320 км [2]
Скандинавските Планини
Скандинавските Планини
Скандинавските Планини

Планините не се многу високи, но на места се мошне стрмни. Највисока е Галхепинген (2469 м) во јужна Норвешка. На шведската страна, највисока е Кебнекајсе (2104 м), а во Финска највисока е Халти (1328 м).

Во подрачјето има многу ледени полиња и ледници благодарение на северната географска положба и влагата од Северниот Атлантски Океан.

Скандинавскиот планински систем сочинува геолошка целина со планините во Шкотска, Ирска и, преку Атлантикот, со Апалачките Планини во Северна Америка. Стручњаците сметаат дека тие образувале еден венец пред разделувањето на суперконтинентот Пангеја. Сегашните планини се остаток од т.н. „Каледонски“ планини од тоа време кои со време се намалиле на една петтина од нивната првобитна височина поради ерозија. Ова е еден од најстарите постоечки планински венци во светот.

Највисоки планини во Норвешка

уреди

Од 10-те највисоки планини во Скандинавија (истакнатост поголема од 30 м), 6 се наоѓаат во округот Оплан, Норвешка. Останатите 4 се во подрачјето на Согн и Фјуране, исто така во Норвешка. Во Норвешка има 83 врвови над 2.200 м во височина.

  1. 2.469 м Галхепиген (Оплан)
  2. 2.465 м Глитертинд (Оплан)
  3. 2.405 м Стуре Скагастелстинд (Согн и Фјуране)
  4. 2.387 м Стуре Стигедалстинден-Исток (Согн и Фјуране)
  5. 2.373 м Скарштинд (Оплан)
  6. 2.369 м Вешле Галхепиген (Оплан)
  7. 2.368 м Суртнингсуе (Оплан)
  8. 2.366 м Стуре Мемурутинден (Оплан)
  9. 2.351 м Јервастинд (Согн и Фјуране)
  10. 2.348 м Сентралдинд (Согн и Фјуране)

Највисоки планини во Шведска

уреди

Во Шведска има 12 врвови над 2.000 м во височина[5] Осум од нив се наоѓаат во националниот парк Сарек и соседниот национален парк Стура Шефалет. Останатите четири се сместени посеверно, во подрачјето на Кебнекајсе.

Сите имиња се лапонски, но во повообичаениот шведски облик.

  1. 2.104 м Кебнекајсе (Лапонија)
  2. 2.097 м Кебнекајсе Нордтопен (Лапонија)
  3. 2.089 м Саректјоко Стуртопен (Лапонија)
  4. 2.076 м Каскасатјоко (Лапонија)
  5. 2.056 м Саректјоко Нордтопен (Лапонија)
  6. 2.043 м Каскасапакте (Лапонија)
  7. 2.023 м Саректјоко Сидтопен (Лапонија)
  8. 2.016 м Ака Стуртопен (Лапонија)
  9. 2.010 м Ака Нордвестопен (Лапонија)
  10. 2.010 м Саректјоко Бухтопен (Лапонија)
  11. 2.005 м Портетјоко (Лапонија))
  12. 2.002 м Палкатјоко (Лапонија)

Други планини во Шведска познати по скијање и планинарство:

Највисоки планини во Финска

уреди
  1. 1.324 м Халти (Лапонија и Тромс, Норвешка)
  2. 1.317 м Ридницохка (Лапонија)
  3. 1.280 м Киедицохка (Лапонија)
  4. 1.240 м Ковдоскајси (Лапонија)
  5. 1.239 м Рувднаоајви (Лапонија)
  6. 1.180 м Лоасониба (Лапонија)
  7. 1.150 м Уртасвара (Лапонија)
  8. 1.144 м Кахперусварат (Лапонија)
  9. 1.130 м Алдораса (Лапонија)
  10. 1.100 м Киедоајви (Лапонија)

Највисоката независна истакнатост во Финска се наоѓа во Тајваскеро.

Наводи

уреди
  1. „Галхепинген“. Nationalencyklopedin. Посетено на 18 јули 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |encyclopedia= (help) (шведски)
  2. 2,0 2,1 Линдстрем, Мауриц. „Фјелшедјан“. Nationalencyklopedin. Посетено на 18 јули 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |encyclopedia= (help) (шведски)
  3. Во секојдневниот говор во Шведска, планините исклучиво се нарекуваат „Фјелен“ (Fjällen)
  4. Последните три имиња значат „кобилица“, исто како врвот Кобилица на Шар Планина
  5. или 13, зависно од тоа што подразбираме под врв. Овој список е утврден од Меѓународниот сојуз на планинарски здруженија (UIAA)

65°00′N 14°00′E / 65.000° СГШ; 14.000° ИГД / 65.000; 14.000