Поларник

напоредник

Поларник или поларен круг[1] — поим кој може да се однесува на Северниот (арктички) или Јужниот (антарктички) круг што го опишува напоредник. На Земјата, Северниот Поларник се наоѓа на 66° 33′ 44″ СГШ, а јужниот на 66° 33′ 44″ ЈГШ.[2]

Поларникот во Финска (1975)
Поларникот на висорамнината Салтфјелет, Норвешка

Подрачјето помеѓу еден поларник и неговиот пол (северен или јужен) се нарекува студен појас. Ова подрачје во теорија би требало да има барем по едно деноноќие годишно каде сонцето е постојано над хоризонтот и едно деноноќие годишно каде сонцето е постојано под хоризонтот. Меѓутоа атмосферското прекршување по малку ја проширува областа на постојан ден, и за сметка на тоа по малку ја смалува областа на постојана ноќ.

Точната местоположба на поларниците се менува од година во година зависно од поместувањето на Земјината оска што се јавува поради појавите наречени нутација и прецесија. Горенаведените положби се вопросечени.

Поларниците.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди