Синиша Стоилов
Синиша Стоилов (Бенковац, Хрватска, 31 август 1965 – Оризари, Кумановско, 10 јуни 2001) бил македонски бранител, капетан на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 јуни 2001 кај кумановското село Оризари од 120мм граната испукана од страна на терористите на ОНА.
Капетан Синиша Стоилов | |
---|---|
31.08.1965 – † 10.06.2001 (35 г.) | |
Роден во: | Бенковац, СР Хрватска |
Роден на: | август 31, 1965 |
Починал во: | Оризари (Кумановско) |
Починал на: | јуни 10, 2001 | (возр. 35)
Служба во: | Македонија |
Период на служба: | 1992 г. — 2001 г. |
Чин: | Капетан на АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001 |
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и смрт
уредиСиниша потекнува од семејството Стоилови, од татко Стоимен, роден во Мородвис, и мајка Љубинка, родена во Зрновци. Татко му бил офицер во ЈНА, и од тие причини често го менувале местото на живеење. Роден е во градот Бенковац, Хрватска, на 31 август 1965 година. Во 1970 година татко му добива служба во Куманово, каде и го започнува своето основно образование. Во 1975 година, заедно со својата мајка и сестра се преселуваат да живеат во Скопје каде го продолжува своето школување.
Од мала возраст постојано го посетувал родното место на своите родители Зрновци и Мородвис и секое слободно време го користел за дружење и играње фудбал со своите врсници. Своето образование го продолжува во средното воено училиште во Сараево, со голема желба да го продолжи патот по кој одел неговиот татко. Во Бања Лука го добива своето прво вработување, како воено лице - офицер. Напоредно со работата, завршува и Виша Воена Академија во истиот град. Иако е на служба во Бања Лука, поради љубовта кон своите најблиски, во 1985 година во Зрновци стaпува во брак со Љубинка, од кој брак му се раѓаат два сина, Стоимен и Ненад. Редот и дисциплината претствуваа семејна одлика и само дел од војничкото воспитување и домаќинското однесување кое родителите го пренесуваа на децата.
Поведен од патриотизмот и желбата за своите родни корени, во јануари 1992 година, Синиша Стоилов ја напушта Бања Лука и ЈНА, и со семејството се враќа да живее во својата татковина. Веднаш стапува на служба во Армијата на Република Македонија како потпоручник, во касарната „Илинден“ во Скопје. Бргу напредува во службата, верно служејќи и на својата родна земја добивајќи чин поручник, а потоа и капетан. За време на конфликтот во 2001 година, на 10 јуни кај с. Слупчане, Кумановско, капетан Синиша Стоилов, бранејќи ја слободата на својата татковина, беше убиен од страна на албанските терористи на 35 годишна возраст. Последните зборови на Синиша пред да падне кобната граната беше: ...Тргнете се, не се собирајте, ќе падне некој минобацач сите ќе нè испотепа. Неговото име и дело засекогаш ќе останат запаметени во историјата на Македонскиот народ.
Во чест на капетанот Стоилов, денес школото ОУ „Синиша Стоилов“ - Зрновци го носи неговото име.[1] Синиша Стоилов посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]
Наводи
уреди- ↑ „ОУ „Синиша Стоилов" во Зрновци доби нова училишна спортска сала“. Сител. 22 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-25. Посетено на 2015-02-21.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-30.