Симеон Силјановски

Симеон Силјановски (Смилево, 1942 –) — македонски сликар.[1]

Симеон Силјановски
Роден 1942
Смилево, Царство Бугарија
Занимање сликар

Животопис

уреди

Роден e во Битола во 1942 година.[1] Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Белград, отсек сликарство.

Бил средношколски, а после и универзитетски професор. Има поставувано самостојни изложби на ликовни дела во Битола (повеќепати), во Скопје, Охрид, Куманово, Штип и др. македонски градови, како и во Белград, Зрењанин, Загреб, Сараево, Брисел, Париз, Стокхолм, Чикаго, Аспен, Денвер, Вел, Магдебург. Негови ликовни креации се работени во повеќе стилско-ликовни ориентации: од импресионизам, метафизичка димензија, кубизам, експресионизам до комбинација на апстрактни и кубистички облици. Покрај техниките: пастел, масло, графика, акварел и комбинирана техника, тој работи и мозаици кои се наоѓаат во јавни објекти во Битола и Скопје. Добитник е на повеќе награди и јавни признанија. Негови дела се наоѓаат во голем број македонски и светски галерии. Застапен е во повеќе анталогиски прикази на светското сликарство.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 165–152. ISBN 978-9989-2783-0-3. Архивирано од изворникот на 2021-11-26. Посетено на 2 јули 2023.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)