Сенки и магла
„Сенки и магла“ (англиски: Shadows and Fog) — американски филм од 1991 година, во режија на Вуди Ален (Woody Allen). Филмот, кој е снимен според неговата едноичинка „Смрт“ од 1975 година, всушност претставува визуелна посвета на германскиот експресионизам (Фриц Ланг, Пабст, Мурнау), како и на Франц Кафка. Главните улоги ги толкуваат: Вуди Ален, Миа Фароу (Mia Farrow), Џон Малкович (John Malkovich), Кети Бејтс (Kathy Bates), Дејвид Одген Стирс (David Ogden Stiers), Џоди Фостер (Jodie Foster), Лили Томлин (Lily Tomlin), Џон Кјузак (John Cusack) и Мадона (Madonna).[1]
Синопсис
уредиНиз градот сее страв сериски убиец кој ги дави своите жртви. Поради тоа, граѓаните формираат групи кои одат во потрага по убиецот. Така, неколку соседи го земаат со себе плашливиот книговодител Макс Клајнман (го игра Ален), принудувајќи го да им се придружи во потерата. Оставен сам на себе, Клајман скита наоколу и запаѓа во низа проблеми за најпосле да го обвинат дека тој е убиецот. За време на прошетката по улиците, тој ја среќава Ирма (ја игра Фароу), која работи во циркусот...