Црква „Св. Петка“ - Селник
Света Петка — главна селска црква во селото Селник.[1] Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура на Македонија.[2]
Света Петка
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Делчевско |
Парохија | Ѕвегорска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°01′27.2″N 22°43′22.5″E / 42.024222° СГШ; 22.722917° ИГД |
Место | Селник |
Општина | Делчево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Зограф | Јован Комнов |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Историја
уредиТочни податоци за изградбата на црквата не се достапни, но според трите слоја на фрескоживописот, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, се претпоставува дека истата била изградена некаде во XIV век.[3]
Врз основа на зачуваниот ктиторски натпис, изградена е во „тешко време“, кога столувал „новиот епископ Прохор“.[4]
Во 2001 година, црквата била реконструирана, а во дворот биле изградени помошни објекти. Секоја година на 27 октомври, т.е. на празникот Петковден, во црквата се организира голем собор.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со камени плочки. Градена е од кршен камен и вар.[2] Над влезната врата има ниша со фреска на која е прикажана Света Петка.
Внатрешноста на црквата е зографисана. Ја живописал Јо(ван) Комнов, најверојатно во третата деценија на XII век. Ѕидното сликарство е стилски блиско на недалечниот алински манастир „Св. Спас“ во Бугарија (1626).[4]
Во сликаната програма се вклучени локалните пустиножители Св. Јоаким Осоговски и Св. Јоан Рилски.[4]
Фрескоживописот се состои од три слоја, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, додека следниот од XVI век, односно од времето на архиепископот Прохор Охридски. Натписите се словенски и сведочат за продолжувањето на словенската култура во време на отоманското владеење. Целата црква е живописана, но голем дел од фреските се оштетени. Иконостасот со царските двери и иконите биле изработени во 1906 година од страна на зографот Гаврил.[2][3]
Галерија
уреди-
Влезот на црквата
-
Помошни објекти во дворот на црквата
-
Дворот на црквата
-
Фреска на Света Петка во внатрешноста на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 31.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Илиевска-Арсова, В. (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки![мртва врска]“. Штип, Центар за развој на Источен плански регион. стр. 31.
- ↑ 3,0 3,1 „Звегорска парохија Архивирано на 30 септември 2018 г.“. Брегалничка епархија.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Света Петка"“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1311. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петка“ - Селник на Ризницата ?