Црноморски регион
Црноморски регион (турски: Karadeniz Bölgesi) — еден од седумте пописни региони (bölge) во Турција. Се граничи со Мраморниот регион на запад, Средна Анадолија на југ, Источна Анадолија на југоисток, Грузија на североисток и Црното Море на север.
Покраини
уредиНаселение
уредиРегионот брои 8.439.213 жители[1], од кои 4.137.166 живеат во градовите, а 4.301.747 во селата. Со ова, Црноморскиот регион е најруралниот во земјата и единствениот со повеќе селско отколку градско население.
Најголем дел од населението се Турци, со Лази и Грузијци во источниот дел. За разлика од нивните сонародници во Грузија, Лазите и Грузијците во Турција се муслимани.
Клима
уредиЗонгулдак
Климатограм | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ј | Ф | М | А | М | Ј | Ј | А | С | О | Н | Д |
133
9
4
|
86
9
3
|
88
11
5
|
58
15
8
|
51
19
12
|
71
23
16
|
81
25
18
|
88
25
18
|
123
22
15
|
153
18
12
|
147
15
8
|
154
11
5
|
Прос. мин. и макс. температура во °C Вкупно врнежи во мм Извор: Државна метеоролошка служба [2] |
Регионот има океанска клима со големо количество на рамномерно распределени вржени преку целата година. Во крајбрежните делови, летата се топли и влажни, а зимите се свежи и исто така влажни. Со 2500 мм годишно, ова е најврнежливиот регион во земјата. Во зимата често врне снег, кој обично трае една до две недели.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Култура на Црноморскиот регион (турски)