Подобар живот (филм)
„Подобар живот“ (српски: Бољи живот) – југословенски филм од 1989 година, во режија на Михаило Вукобратовиќ по сценариото на Синиша и Љиљана Павиќ. Филмот претставува продолжение, но и заокружување на приказната за судбината на едно семејство од популарната истоимена телевизиска серија. Главните улоги ги толкуваат: Марко Николиќ, Светлана Бојковиќ, Борис Комнениќ, Лидија Вукчевиќ и Драган Бјелогрлиќ.[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажуваат настаните во семејството Попадиќ кое го сочинуваат таткото, мајката и три возрасни деца. Нивниот живот е исполнет со бројни недоразбирања и комични пресврти: Гига заминува во Грција на прослава на 8 март; Емилија е разочарана поради тоа што нема да ја прослави годишнината од бракот со патување во Италија; на граничниот премин, Гига мора да плати голема казна зашто врз себе ја прима вината на колешките кои шверцуваат злато и крзно; Виолета и Иво се соочуваат со првите брачни кавги; а Боба наеднаш се враќа од отслужувањето на воениот рок.[2]
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |