Една летна ноќ
Една летна ноќ е српска телевизиска серија снимена во 2014 година во продукција на Кошутњак филм според романот Беше една ноќ на Јадранот од Милица Јаковљевиќ, во режија на Иван Стефановиќ.[1]
Една летна ноќ | |
---|---|
Земја на потекло | Србија |
Телевизија | Прва српска телевизија |
Прикажување | 22 март 2015 година – 17 јуни 2015 година |
Број на епизоди | 13 |
Претходна сезона | Самец во бракот (ТВ серија) |
Следна сезона | Киднапирање на мажот (ТВ серија) |
Премиерата на серијата била во 2015 годинана Првата српска телевизија,[2] .
Синопсис
уредиДвете сестри Кринка и Лола од Белград се две сосема различни личности. Живеат со своите родители, но тие чуваат голема тајна за Кринка. Кога мајката ќе одлучи на Кринка да и ја открие тајната на нејзиното потекло, избива конфликт и таткото одлучува да не оди на море со нив. Така трите дами одат сами на одмор. Во Венеција, девојките го запознаваат мистериозниот Далматинец Дубравко, кој и на двете им се допаѓа само што Кринка го потиснува тоа, а Лола отворено зборува за тоа. Кога девојките одат во Раб, го запознаваат Жарко, фин и љубезен човек од Банат, кој има мало девојче, Милица. Го запознаваат и Влатко, студент од Загреб, на него веднаш му се допаѓа Лола, но таа не е заинтересирана. Заплетот започнува кога Дубравко пристигнува на Раб, а потоа Кринка конечно попушта и признава дека ѝ се допаѓа Дубравко. Кога ќе сфати дека и таа му се допаѓа, двајцата започнуваат романса, но има еден проблем, таткото на Дубравко го има истиот медалјон како Кринка. Тоа тогаш би значело дека Дубравко и Кринка се браќа и сестри по татко. Но, кога девојчињата се враќаат во Белград, ги чека тажна вест дека нивниот татко починал. Но за Лола се појавува нова причина за радост, Жарко и испратил писмо во кое ја запросува. Наскоро се мажи и се преселува во Банат. А во животот на Кринка се појавува нејзината биолошка мајка Марија. Што и ја кажува веста дека Дубравко и таа можеби се брат и сестра. Кринка тоа многу тешко го поднесува и станува сè подепресивна. Кога Марија еден ден и го носи Дубравко, Кринка доживува нервен слом. Дубравко контактира со својот татко и го моли да ја открие и разреши мистеријата. Но, Кринка не ја поднесува неизвесноста и си заминува. А кога вистината конечно ќе се дознае, Кринка не е таму да ја слушне.
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Ваја Дујовиќ | Кринка Бранковиќ |
Бојан Периќ | Дубравко Маројевиќ |
Милена Радуловиќ | Лола Бранковиќ |
Ивана Дудиќ | Споменка |
Зоран Цвијановиќ | Милан Бранковиќ |
Тијана Чуровиќ | Марија Јаковљевиќ |
Мина Лазаревиќ | Анѓа Бранковиќ |
Игор Ѓорѓевиќ | Жарко Гавриловиќ |
Иван Заблаѓански | Влатко |
Владан Дујовиќ | Настојник |
Милена Васиќ | сопруга на Настојник |
Јелисавета Караџиќ | ќерка на Настојник |
Душан Матејиќ | син на Настојник |
Марија Андриќ | Кума |
Љубомир Булајиќ | Петар |
Наѓа Стјепановиќ | девојчето Милица |
Игор Радовиќ | Капетан на Бродот |
Соња Живановиќ | Унгарка |
Исидора Јанковиќ | Ержебет „Ержи“ |
Моника Ромиќ | Госпоѓа Зупанчиќ |
Немања Стаматовиќ | Далметинец |
Ивана Кнежевиќ | мајка на Споменка |
Огњен Миликиќ | Јанко |
Светлана Бојковиќ | Болничарка |
Мина Обрадовиќ | Марија во младоста |
Немања Стаматовиќ | Иво во младоста |
Фрањо Ласиќ | Иво Маројевиќ |
Меѓународни преноси
уредиЗемја | ТВ канал | Премиера на серијата | Крај на серијата |
---|---|---|---|
Србија | Прва српска телевизија | 25 март 2015 година | 17 јуни 2015 година |
БиХ РС | БН | 25 март 2015 година | 14 јуни 2015 година |
Хрватска | ХРТ 1 | - | - |
Македонија | Сител телевизија | 20 август 2016 година | 1 октомври 2016 година |
Наводи
уреди- ↑ „Još jedna serija po romanu Mir Jam“. novosti.rs. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ „Snima se još jedna serija po romanu Mir Jam“. smedia.rs. Архивирано од изворникот на 19 декември 2014. Посетено на 27 јули 2014.