Тома Аквински

(Пренасочено од Свети Тома Аквински)

Свети Тома Аквински (латински: Thomas Aquinas, италијански: Tommaso d'Aquino; 12257 март 1274) — италијански христијански теолог, философ и свештеник, светец на Католичката црква. Тој се смета за еден од најголемите католички теолози во историјата и за еден од триесет и трите доктори на Католичката црква.

Свети Тома Аквински
Super libros de generatione et corruptione

Животопис

уреди

Тома Аквински најверојатно е роден во замокот Рокасека кај Аквино, Италија. бил воспитан во опатијата на монасите-бенедиктинци во Монтекасино, Италија. Се замонашил во 1248 година. Учел во Париз каде постигнaл голем успех и бил наречен Doctor universalis и Doctor angelicus. Од 1248 до 1252 година бил студент на св. Алберт Велики во Келн. Предавал повторно во Париз од 1256 до 1259, а потоа проповедал во Италија (Рим, Витербо и Орвјето). Од 1269 година бил научен префект на Доминиканскиот орден во Неапол, каде ја создал својата школа. Умрел на пат за Вториот лионски собор во Фосанова. Папата Јован XXII го канонизирал како светец во 1323 година.

Учењето на св. Тома Аквински

уреди

Св. Тома Аквински е основоположник на томизмот, една од средновековните школи кои лежат во основата на доцните филозофски погледи на католичката црква. Во 1879 година, ова учење било прогласено официјално од папата Лав XIII во сите католички учебни програми.

Големата заслуга на Тома Аквински е поставувањето на теологијата на научна основа. За изјаснувањето на тајните на верата ги применува принципот на „нормалниот разум“ и филозофските погледи на Аристотел. Тој ги осудува тогашните противречја помеѓу приврзаниците на учењето на Свети Августин (принцип на верата) и онаа на Аристотел, која произлегува од опитот и на неговото познавање, при што докажува, дека овие две учења дејствуваат заедно — некои работи можат да се објаснат само со посредство на верата, други со разумот.

Тома Аквински го одобрува убиството на кривоверците и станува теоретичар на Инквизицијата. Неговата порака — „Верувам, оти е апсурдно“ — покажува колку строго го толкувал учењето на Свети Августин. Во поново време, Католичката црква се држи на растојание од овој поглед на Тома Аквински.

Тома Аквински има напишано многу филозофски и теолошки дела, од кои најславно дело му е „Теолошки зборник“ (Summa philosophica) во три дела, во кое ја обработува својата теологија и опфаќа систематски изложена синтеза на теоријата на Аристотел и на христијанската традиција. Овој спој е вграден во мисловните темели на средновековната црква, а и ден-денес ја сочинува основата на римокатоличката доктрина. Ова дело е преведено на скоро сите светски јазици.

Говорејќи за црквата, Св. Тома рекол:“ Исус ја прифатил маката од голема желба која ја имал во себеси да ја обедини црквата.“

Дебеличок и дружељубив, Тома Аквински, бил толку омилен што го сакале дури и неговите противници во интелектуалниот свет.[1]

Наводи

уреди
  1. Адам Харт-Дејвис, Историја - сеопфатен визуелен водич. Скопје, 2009.

Надворешни врски

уреди
  • Јоанидис, Николаос (архим.) (28 јули 2016). „Средбата на Православното и схоластичкото богословие во Византија“. Преспанско-пелагониска епархија., со опширна расправа за филозофијата на Аквински