Свети Никола (Негушко)
Свети Никола (грчки: Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) — новооснована населба и туристички центар, кое се смета за одделно село во Негушко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Свети Никола Άγιος Νικόλαος | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°39′N 22°06′E / 40.650° СГШ; 22.100° ИГДКоординати: 40°39′N 22°06′E / 40.650° СГШ; 22.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Негуш |
Општ. единица | Негуш |
Надм. вис. | 290 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 213 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во непосредна близина, на неколку километри западно од градот Негуш, на надморска височина од 290 метри.[2]
Сместено е на реката Арапица, во подножјето на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).
ИсторијаУреди
Свети Никола претставува новооснована населба, која за првпат е спомената со пописот од 1991 година.[2]
СтопанствоУреди
Во населбата, која претставува туристички центар, главно занимање е туризмот.[2]
НаселениеУреди
За првпат како посебна населба се спомнува со пописот од 1991 година со 217 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 161 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 213 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | 217 | 161 | 213 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
ЗнаменитостиУреди
- Црква „Св. Никола“ од 1912 г.
Самоуправа и политикаУреди
Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Негуш, во кој покрај градот Негуш, влегуваат и населбата Станица Негуш, селото Горно Шел, селото Гимново и туристичкиот центар Свети Никола.
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31.