Црква „Св. Никола“ - Негуш

црква во Негуш, Егејска Македонија

Свети Никола (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Поглед на црквата во паркот
Карта
40°36′36.9″N 22°2′42.8″E / 40.610250° СГШ; 22.045222° ИГД / 40.610250; 22.045222
МестоНегуш
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1912
Управа
Архијерејско намесништвоНегушко
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата се наоѓа во истоимениот парк во истоимената приградска населба Свети Никола. Сместена е во пазувите на Каракамен југозападно од Негуш, близу изворите на Арапица. Храмот е изграден во 1912 г. врз урнатините на црква изгорена од Али-паша Јанински во 1791 г. Завршен е за помалку од две години од месни мајстори, а со средства на негушани. Надвлезниот ктиторски натпис го спомнува името на Христос Каридас. Според преданието, на еден ага му се јавик Свети Никола и му рекол дека болната жена ќе му оздрави ако дозволи изградба на храм посветен нему.[1]

Градбата претставува мала базилика со дрвен покрив и нартекс на запад одвоен со четири столбови. Пред опожарувањето можно е да имал монашки конак. Живописувањето е изведено во 1956 г. од негушкиот зограф Такис Хасјурас. Во наосот лево се претставени сцени од животот на Свети Никола, а десно се апостолите Петар и Павле. Таванот исто така е насликан. Во 1982 г. фреските се обновени. Иконостасот е од резбано дрво, и иконите на него се дело на негушкиот зограф Христодулос Матеу.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 41. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.