Проф. д-р Саша Митрев (р. 29 мај 1965) во Штип) — агроном и редовен професор, прв ректор и еден од основачите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип[1].

Животопис

уреди

Основно и средно училиште завршува во Штип, а од 1984 година студира на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира во 1988 година. Во 1988 се запишува на магистерски студии на Институтот за заштита на растенијата и животната средина, на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад, каде магистрира во 1993 година. Во 1994 година се запишува на докторски студии на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои ги завршува во 1998 година и се стекнува со докторат[2].

Во 1994 година се вработува како научен соработник од областа на заштитата на растенијата по фитопатологија во тогашниот Земјоделски институт во Струмица. Во 2000 година е избран за прв директор на новоформираниот Институтот за јужни земјоделски култури во Струмица, наследник на Институтот за памук, каде работи во периодот од 2000 до 2006 година.

Во текот на 2006-2007 година е назначен на функцијата Државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р Македонија. Во меѓувреме, од 2004 до 2007 година е избран за вонреден професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ја организира наставата по предметот фитопатологија.

Во текот на 2007 година учествува во работата на матичната комисија за формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На 28 јуни 2007 година е избран за прв ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а на 11.05.2011 година повторно е реизбран за ректор на универзитетот[3].

Во текот на своите мандати како ректор го развил универзитетот од мала локална високообразовна установа, во чиј состав на самиот почеток биле само два факултети и еден научен институт, во Универзитет кој е втор по големина и второ рангиран по својот квалитет во Р Македонија. Од незначителна инфраструктура и кадар универзитетот се развил во 15 новоосновани факултети, повеќе Универзитетски центри, радио, телевизија, библиотека и повеќе спортски клуба. Универзитетот во моментот има организирано настава во сите три циклуса на образование, Наставни центри во 11 града во Р Македонија и приближно 20.000 студенти[4].

Како редовен професор[5] и раководител[6] на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина Архивирано на 5 февруари 2013 г. во текот на 2009 година е основач на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина Архивирано на 15 август 2012 г. која е акредитирана согласно EN ISO/IEC 17025. Лабораторијата е единствена по својата функција и комплексна работа во Р Македонија од областа на контролата на семето, болестите и штетниците на растенијата, ѓубривата, тешките метали, остатоците од пестицидите во храната и е од големо значење за земјоделските производители. Во лабораторијата развива нови оддели за контрола на вино, масло за јадење и млеко.

Саша Митрев е брат на кардиохирургот Жан Митрев.

Објавени трудови

уреди

Проф. д-р Саша Митрев е автор на повеќе практикуми, учебници, научни и стручни трудови и публикации.

Наводи

уреди
  1. „Официјална страница на Универзитет „Гоце Делчев" - „Ректор". Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2014-01-09.
  2. Мрежно место на порф. д-р Саша Митрев - „Биографија“[мртва врска]
  3. „Официјално мрежно место на Универзитет „Гоце Делчев" - „Историја". Архивирано од изворникот на 2013-10-24. Посетено на 2014-01-09.
  4. „Официјално мрежно место на Универзитет „Гоце Делчев" - „За Универзитетот". Архивирано од изворникот на 2014-02-08. Посетено на 2014-01-09.
  5. „Официјално мрежно место на Земјоделски факултет - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-06-13. Посетено на 2014-01-09.
  6. „Официјално мрежно место на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина - „Раководител". Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-01-09.

Надворешни врски

уреди