Санде Стојанов Трајкоски ( 1922во Кладник, Кичевско1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Санде Трајкоски
Роден 1922 година
Кладник, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 1 октомври, 1943 година
Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Поради тешките услови во селото, бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како пекарски работник. Пред војната работел во Фабриката „Соко“. Членувал во УРС-овите синдикати и учествувал во еден штрајк организиран во Фабриката. По окупацијата се вратил во своето село, а од пролетта 1942 година почнал организирано да работи за народно ослободителното движење, дури и сам правел кундаци за пушки. Како активен младинец, стапил во Кичевско-мавровскиот партизански одред во летото 1943 година и учествувал во повеќето акции на одредот. Во септември 1943 година заминал со Мирко Милески на Буковиќ за одбрана на слободната територија каде загинал на 1 октомври 1943 година во борба со германците и балистите.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 141.