Камничко-савињски Алпи

планински венец во Словенија и Австрија
(Пренасочено од Савињски Алпи)

Камничко-савињски Алпи (словенечки: Kamniško-Savinjske Alpe) — планински венец на Јужните Варовнички Алпи. Се протегаат во северна Словенија, а најсеверниот дел е во Австрија.

Камничко-савињски Алпи
Kamniško-Savinjske Alpe
Камничките Алпи од
Највисока точка
ВрвГринтовец
Надм. вис.2.558 м
Координати46°21′26″N 14°32′08″E / 46.35722° СГШ; 14.53556° ИГД / 46.35722; 14.53556
Друго имеKamniško-Savinjske Alpe
Географија
Камничко-савињски Алпи на карта

Карта

ЗемјиСловенија и Австрија
Матичен венецЈужни Варовнички Алпи
Корушко-словенечки Алпи
Поглед на алпите.
Алпите гледани од австриска Корушка

Западниот дел на венецот е наречен Камнички Алпи (германски: Steiner Alpen) во 1778 г. од научниците Балтазар Аке и Франц Ксавер фон Вулфен, по градот Камник (Stein) во долината на Камнишка Бистрица. Источниот дел е наречен Савињски Алпи (Sanntaler Alpen) или Солчавски Алпи (Sulzbacher Alpen) од планинарот Јоханес Фришауф во 1875 г. по селото Солчава (Sulzbach) и реката Савиња (Sann).

Географија

уреди

Алпите се смстени јужно од венецот Караванки, на словенечко-австриската граница, протегајќи се од реката Сава на запад до реката Савиња на исток, каде се наоѓаат соседните Словенечки Предалпи со венецот Похорје, Цељското Ридје кај реката Дравиња и Савското Ридје. На северозапад, е долината на потокот Бела која води до Бад Фелах (Бела), и ова е најјужна точка на Австрија.

Главниот венец во целост е во Словенија. Во минатото ја образувал границата помеѓу внатрешноавстриските војводства Корушка, Штаерска и Крањска. Тромеѓата се наоѓала на планината Корушка Ринка.

Под планината Скута има и мал ледник, кој е најисточниот ледник на Јужните Алпи.

Врвови

уреди

Највисоки врвови се:

  • Гринтовец (2.558 м)
  • Кочна (2.540 м)
  • Скута (2.532 м)
  • Ојстрица (2.350 м)
  • Сторжич (2.132 м)
  • Плањава (2.394 м)
  • Брана (2.253 м)
  • Корушка Ринка (2.433 м)
  • Мрзла Гора (2.203 м)
  • Крофичка (2.083 м)
  • Калшки Гребен (2.224 м)

Камничко-савињските Алпи имаат 28 врвови повисоки од 2.000 м. Во словенечкиот дел зфаќаат вкупна површина од 900 км2. Три четвртини од планинските предели се прекриени со шуми, а повисоките врвови се голи и карпести.

Најважни превои се Језерско Седло (Зебергзател) помеѓу австриска Корушка и Општина Језерско во Словенија, како и Павличево Седло. На словенечката страна има скијалиште, а во Долината на Бела има лековита бања.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди