Топол извор
Топол извор или термален извор или геотермален извор е извор на загреана вода од Земјината кора. Термалните извори постојат насекаде во светот, дури и под морињата и океаните. Изворот се смета за термален ако температурата на водата е повисока од онаа на околината[1], или, според други извори, повисока од телесната температура на човекот (околу 37 °C).[2]
Водата која извира од топлите извори се загрева од геотермалната енергија, односно топлината на внатрешноста на Земјата. Температурата на Земјата станува сѐ повисока како што се оди подлабоко, така што водата се загрева од топлите карпи, а во вулканските области и директно од магмата. Ако водата стане толку топла така што да излегува на површината во вид на млазови, тогаш таа појава се вика гејзер.
Топлите извори, поради благотворното дејство на топлата вода збогатена со минерали врз телото на човекот, се користи во медицински цели. Покрај тоа, геотермалните извори се користат и за загревање на оранжерии, системи за централно греење на населени места, и производство на електрична енергија.
Топли извори Во Македонија
уредиВо Македонија, најголемите топли извори се:
- Негорски бањи, близу до Гевгелија
- Бањата Бањиште 39,3 °C. е сместена во подножјето на планината Крчин, на надморска височина од 870 метри. Планинскиот простор во кој се наоѓа не е пречка за да се дојде до оваа бања. Во нејзина близина се наоѓа регионалниот пат Скопје – Дебар – Охрид, од кој се двои асфалтен пат до бањата.
- Бања Банско е бања во југоисточна Македонија, близу до Струмица и селото Банско.
- Бања Кежoвица - Штипско. Минералната вода во бањата Кежовица кај Штип има температура од 70 степени и по својата радиоактивна лековитост е слична на Карлови Вари.
- Струмичката бања „Цар Самоил”
- Катлановска Бања, близу до Скопје
- Бања, близу Кочани
- Дебарски бањи
- Кумановска бања
- Бања Стрновец - Старо Нагоричане.