Меѓународен систем на мерни единици

(Пренасочено од СИ системот)

Меѓународниот систем на единици (скратено SI од француското Le Système International d'Unités[1]) — современиот облик на метричкиот систем и е заснован на 7 основни и 2 дополнителни физички величини и единици. Овој систем е најкористениот мерен систем во светот, највеќе во трговијата и речиси целосно во науката.[2]

Корица од брошурата на SI.

Стариот метрички систем содржел неколку групи на единици. SI е развиен во 1960 година од стариот систем метар-килограм-секунда (mks), наспроти системот цантиметар-грам-секунда (cmgs) кој имал повеќе варијанти. Бидејќи SI не е постојан, тој е менлив комплет од стандарди во кој се создаваат единици и дефинициите се менуваат според меѓународна согласност соодветно на напредокот на технологијата на мерење.

Системот е речиси насекаде прифатен, со мали исклучоци. Забележителен исклучок е САД, кој продолжува да ги користи вообичаените единици наспроти системот SI. Во Обединетото Кралство, префрлањето на системот SI е официјална политика, која сè уште не е завршена. Земјите кои сè уште употребуваат единици кои не се дел од SI (пр., САД) ги имаат предефинирано овие единици преку единиците на SI.

Три нации го немаа прифатено Меѓународниот систем на единици за нивни основен или единствен систем за мерење: Либерија, Мјанмар и САД.

Основни SI-единици

уреди

Утврден на единаесеттата генерална конференција за мерки и тегови во 1960 година, тој има седум основни и две дополнителни големини и единици за коишто се смета дека во потполност ги карактеризираат нам познатите појави, а и материјата која можеме сетилно да ја восприемаме. Се нарекуваат основни, бидејќи од нив се изведуваат сите останати. Во долната табела се дадени основните SI-единици, како и нивните дефиниции:

Основни SI-единици
Име Симбол Величина Дефиниција
килограм kg маса Единицата за маса е еднаква на масата на меѓународниот прототип за килограм (еталон од платина и иридиум) чуван во Меѓународното биро за тегови и мерки (BIPM), во Севр, предградие на Париз (1. CGPM (1889), CR 34-38). Напомена: килограмот е единствена основна единица со претставка; грамот се дефинира како изведена единица, еднаква на 1/1000 од килограмот; претставките како што е мега, се додаваат на грам, а не kg; на пример, Gg, а не Mkg. Исто така, тој е единствена единица која сѐ уште се дефинира преку физичкиот прототип наместо природната појава со која е можно да се измери (видете килограм за алтернативната дефиниција).
секунда s време Единицата за време претставува траење од точно 9192631770 периоди од зрачењето кое одговара на преминот меѓу две хиперфини нивоа од основната состојба на атомот на цезиум - 133 на температура од 0 К (13. CGPM (1967-1968) Резолуција 1, CR 103).
метар m должина Единицата за должина е еднаква на изминатиот пат којшто го минува светлината низ вакуум за време од 1/299792458 секунди (17. CGPM (1983) Резолуција 1, CR 97)..
ампер A електрична струја Единицата за електрична струја претставува постојана струја која, кога би се одржувала во два прави и паралелни проводници сместени во вакуум на меѓусебно растојание од еден метар со неограничена должина и занемарливо мал кружен пресек, би предизвикала меѓу нив сила еднаква на 2×10−7 њутни по метар должина (9. CGPM (1948) Резолуција 7, CR 70).
келвин K термодинамичка температура Единицата за термодинамичката температура (или апсолутна температура) е точно 1/273,16 од термодинамичката температура на тројната точка на водата (13. CGPM (1967) Резолуција 4, CR 104).
мол mol количество супстанција Единицата за количество супстанција е количество на супстанција која содржи толку елементарни единки, колку што има атоми во 0,012 килограми од изотопот на чистиот јаглерод 12 (14. CGPM (1971) Резолуција 3, CR 78). (елементарните единки можат да бидат атоми, молекули, јони, електрони или честички.) Оваа единица е приближно еднаква на 6,02214199×1023 (Авогадров број).
кандела cd јачина на светлината Единицата за јачина на светлината е светлинската јачина во одреден правец од извор на светлина кој емитува монохроматско зрачење со честота од 540×1012 херци и чијашто јачина на зрачењето во тој правец е 1/683 вати по стерадијан (16. CGPM (1979) Резолуција 3, CR 100).

Изведени единици

уреди

Покрај основните единици, се употребуваат и изведени SI единици, како на пример, њутн (за сила), паскал (за притисок), џул (за енергија), килограм на кубен метар (за густина) итн.[3]

Префикси во Меѓународниот систем на едиици

уреди

Во Меѓународниот систем на единици се користат следниве префикси:[4]

Префикси во Меѓународниот систем на единици
Вредност Назив Ознака Вредност Назив Ознака
10-24 јокто y 1024 јота Y
10-21 зепто z 1021 зета Z
10-18 ато a 1018 екса E
10-15 фемто f 1015 пета P
10-12 пико p 1012 тера T
10-9 нано n 109 гига G
10-6 микро μ 106 мега M
10-3 мили m 103 кило k
10-2 центи c 102 хекто h
10-1 деци d 101 дека da

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Bureau International des Poids et Mesures
  2. Official BIPM definitions
  3. Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. XX.
  4. Бојан Шоптрајанов, Хемија за втора година на реформираното гимназиско образование (петто изменето и дополнето издание). Скопје: Просветно дело, 2009, стр. XXI.