Грал-Мириц (германски: Graal-Müritz) — општина и приморско одморалиште во округот Росток, во Мекленбург-Западна Померанија, во Германија.

Грал-Мириц
Црква во Грал-Мириц
Црква во Грал-Мириц
Црква во Грал-Мириц
Грб на Грал-Мириц
Грал-Мириц во рамките на Германија
Грал-Мириц
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Росток
Градоначалник Франк Гизе
Основни податоци
Површина 8,34 км2
Надм. височина 2 м
Население 4.183 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 502 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LRO
Пошт. бр. 18181
Повик. бр. 038206
Портал www.graal-mueritz.de
Местоположба на Грал-Мириц во рамките на округот Росток
Карта
Карта
Координати 54°15′N 12°15′E / 54.250° СГШ; 12.250° ИГД / 54.250; 12.250

Грал-Мириц се наоѓа меѓу најпопуларните германски туристички одредишта, како и за лечење и одмор. Излегува на Балтичкото Море, а околу него се протега голема шума. Во општината има многу хотели, ресторани, голема плажа долга пет километри, простран јавен парк на родондендрони. Постојат возови на секој час до Росток, а патувањето трае триесетина минути.

Музеи

уреди

Грал-Мириц поседува сопствен музеј за локалната историја наречен Хајматштубе (Heimatstube). Во областа постојат неколку големи музеи, како Германскиот бродски музеј во Росток, Германскиот килибарен музеј во Рибниц-Дамгартен или Германскиот поморски музеј во Штралзунд.

Спорт

уреди

Локалниот спостски клуб Грал-Мириц настапува во покраинската лига. Плажата и околината се одлични места за пливање, шетање, велосипедизам, рибарство и трчање.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди