Ростовски резерват на природата

Ростовскиот резерват на природата (руски: Ростовский заповедник) е строг резерват на природата или резерват од затворен тип, кој ги штити разновидните чувствителни јужноевропски степски мочуришта и најголемото стадо на диви коњи во Европа. Тоа е исто така мочуришно живеалиште за птици. Заштитените подрачја се поделени на пет дела, кои ги покриваат водите на соленото езеро Манич-Гудило, островите во тоа езеро, околните степски и крајбрежни земјишта. Резерватот се наоѓа во Орловскиот округ, во Ростовска област, оддалечен 100 километри североисточно од Ростов на Дон. Оваа месност е дел од Рамсакрските заштитени мочуришни подрачја од меѓународно значење.[1][2]

Ростовски резерват на природата
руски: Ростовский заповедник
Ростов заповедник
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
МестоРостовска област
Најблизок градРостов на Дон
Координати46°27′53″N 43°3′2″E / 46.46472° СГШ; 43.05056° ИГД / 46.46472; 43.05056
Површина9465 хектари
Воспоставен(а)1995 (1995)
Управно телоМинистерство за природни ресурси и животна средина (Русија)
Мрежна страницаhttp://www.rgpbz.ru/

Топографија

уреди

Резерватот на природата Ростов е сместен во јужниот дел на источноевропската рамнина во долината на реката Манич. Доминантна геолошка одлика на резерватот е езерото Манич-Гудило, резервоар на солена вода, кој е опкружен со сув, степски и полупустински пејзаж. Езерото е долго и тесно, и зафаќа дел од Манич меѓу Азиското и Каспиското Море. Оваа долга депресија е остаток од она што некогаш била морска врска меѓу Црното и Каспиското Море.[1]

Постојат четири одделни сектори во резерватот:

  • Островски сектор (4591 хектари). Во овој сектор влегуваат водното и изгореното острово во северниот дел од езерото, како и крајбрежното земјиште. Максималната надморска височина е 93 метри. Ова подрачје се наоѓа долж езерото почнувајќи од Резерватот на природата „Црна земја“.[2]
  • Стариковски сектор (2115 хектари). Овој дел е втората тераса над главното земјиште на Манич. Теренот е брановит со бранови клисури. Максимална надморска височина е 135 метри.
  • Краснопартизански сектор (1768 хектари). Се наоѓа во југоисточниот дел на Ремонтненскиот округ.
  • Цагаан-Хаг сектор (990 хектари). Тоа е солено мочуриште кое во пролет е потопено.[2]

Клима и екорегион

уреди

Природниот резерват Ростов се наоѓа на Понтонскиот степски екорегион, регион со умерени пасишта, савани и грмушести предели, северно од Црното и Каспиското Море, меѓу реката Днепар и Уралските Планини.

Климата е влажна и континентална според Кепеновата климатска класификација, со топли лета и студени зими. Климата во резерватот се одликува и со големи варијации на температурата, како дневни така и сезонски.[2] Во летниот период температурата може да се качи и до 40°С. Просечната преципитација се движи од 250 mm - 500 mm зависно од локацијата.

Флора и фауна

уреди

Во непосредниот дел од резерватот теренот е покриен со степски, тревести растенија. Најшироко е распространета пченицата со полиња од синкаста трева. Во областите со повеќе солена почва се наоѓаат големи и комплекси заедници на халофити (растенија толерантни на сол). Во Цагаан-Хаг секторот се карактеристични екстремно солени мочуришта.[1]

Резерватот е познат како заштитена зона на најголемото стадо на диви коњи во Европа.[1] Птиците се најбројни животни по бројот на видови во резерватот. Во постојани жители се вбројуваат: малата рибарка, малиот корморан, розовогрбниот и кадравиот пеликан, езерскиот галеб, бувот, фламингото и разни видови од родот ибис. Во резерватот има регистрирано повеќе од 200 вида на птици, од кои 120 вида се гнездат во областа, а 63 вида се птици преселници.[1]

Еколошки туризам

уреди

Резерватот го поддржува екотуризмот и за таа цел се отворени две приватни патеки за јавноста. Едната стаза, наречена „Загатки на Маническаја долина“ е пешачка кружна стаза, во должина од два километра, покрај брегот од езерото. Постои и кула, од која може да се набљудуваат коњите, излетнички терен и пристаниште за бродови кои прават екскурзии на еден од островите во резерватот. Другата патека наречена Азурен цвет води низ полињата со лалиња и ириси, а тука се гледаат и цели јата на жерави и галеби. По патеките се организираат тури од април до октомври за посетители од сите возрасти. Исто така можат да бидат организирани и посети на некои од помалите солени езера, кои во минатото биле користени за производство на сол и лековита кал. Постојат туристички објекти, како и природнонаучен музеј.

Меѓутоа како строг природен резерват тој е главно затворен за општата јавност. Научниците и екологистите можат да се договорат со менаџментот на резерватот за посети по одредени еколошки патеки.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Главная - Государственный природный биосферный заповедник Ростовский“. www.rgpbz.ru. Посетено на 2019-04-02.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Ростовский государственный природный заповедник ● Каталог ООПТ ● Особо Охраняемые Природные Территории (ООПТ)“. www.zapoved.ru. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2019-04-02.

Надворешни врски

уреди