Росова Зависност
Росова Зависност (англиски: Ross Dependency) — зависна територија на Антарктикот (и други копнени маси во Јужниот Океан) под управа на Нов Зеланд, кој воедно и полага право на неа[1]. Подрачјето има облик на исечок кој започнува во Јужниот Пол, минувајќи низ географска должина 160° ИГД до 150° ЗГД, и завршува на географска ширина од 60° ЈГШ. Зависноста е со големина на Шведска и го сочинува најголемиот дел од Кралството Нов Зеланд. Го носи името на истражувачот Џејмс Кларк Рос, кој го открил Росовото Море.
Росова Зависност Ross Dependency
|
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Поголеми бази | ||||
Уредување | нема | |||
Зависна територија на Нов Зеланд | ||||
• | Основана | 1923 | ||
• | Исечок | 160° ИГД – 150° ЗГД | ||
Површина | ||||
• | Вкупна | 450,000 км2 | ||
Население | ||||
• | проценка за сезонска г. |
295 - 1.370
По бази:
|
||
Валута | новозеландски долар (NZD ) |
|||
Часовен појас | NZST (UTC+12) | |||
• | (ЛСВ) | NZDT (UTC+13) | ||
(сеп - апр) | ||||
НДД | ||||
Повик. бр. | +64 2409 |
Зависноста зафќа еден дел областа Викториина Земја и речиси сета Росова Ледена Плоча. Кон Росовата Зависност припаѓаат и Росовиот Остров, Балените и малиот Скотов Остров, како и зармзнатиот Рузвелтов Остров.
Населеност
уредиЕдинствените постојани живеалишта во зависноста се научните бази „Скот“ (Нов Зеланд) и „Мекмердо“ (САД), ако не се брои јужнополарната база „Амундсен-Скот“ на самиот раб на територијата. Зависноста има една снежна писта на Вилијамс Филд, и зависно од условите и годишното време, две ледени писти. Ова ја гарантира пристапноста на авиони со тркала и скии во текот на целата година.
Секое лето Италија врши научни истражувања во нивната база „Цукели“ во заливот Тера Нова, а од 1969 до 1995 г. Нов Зеланд имал летна база наречена „Ванда“ во суводолицата на територија на зависноста.
Од 1987 до 1992 во Росовата Зависност организацијата Гринпис имала своја станица наречена База на Светскиот парк, која била сместена на Росовиот Остров. Бидејќи оваа база била невладина, земјите не смееле да пружаат поддршка и помош од каков било вид.
Галерија
уреди-
Топографска карта на Росовиот Остров
-
Базата „Скот“
-
Станицата „Мекмердо“
-
Планината Еребус на Росовиот Остров
-
Неофицијално знаме на Росовата Зависност
Наводи
уреди- ↑ Commonwealth and Colonial Law by Sir Kenneth Roberts-Wray, London, Stevens, 1966. стр. 137
Надворешни врски
уреди„Росова Зависност“ на Ризницата ? |
- Нов Зеланд, Антарктикот и Јужниот ОкеанАрхивирано на 7 август 2011 г. — Министерство за надворешни работи и трговија на НЗ (англиски)
- Антарктика Нов Зеланд — управа на Росовата Зависност (англиски)
- 50-годишнина на антарктичката база „Скот“ Архивирано на 9 март 2014 г. (англиски)
- Историја на Росовата Зависност — Кантербериски универзитет (англиски)